Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Критика

Неколку зборови за компаративната книжевност

или За опстанокот на една дисциплина денес


/7
стр. 1
Жан Бесиер

     Ќе ви зборувам малку за споредбената книжевност. Тоа ќе биде банална тема. Јас нема да се обидам да дадам дефиниција на споредбената / компаративната книжевност или на прописите на споредбената книжевност. Барањето да се даваат дефиниции и да се предлагаат рецепти е конечно една замка наместена од другите – од претставниците на други дисциплини. Нема да се обидам ни да навлегувам во дебатите за кризата на споредбената книжевност, на книжевните проучувања, бидејќи дијагнозите за кризата се мошне различни. Јас ќе се обидам да ви зборувам за она што денес може да биде функција на споредбената книжевност. Ќе ви понудам само неколку опции. Тоа ќе го направам поаѓајќи од она што го имам слушнато во AILC (Меѓународна Асоцијација за Компаративна Книжевност).


    Забелешка: Текстот е прочитан на Научната конференција: „Компаративната книжевност: теорија, методологија, херменевтика“ – Скопје, 01.12.2000 год.
    I.
     Во она што го имам слушнато на различни средби на МАКК, ми се чини дека четири теми преовладуваат во студиите по компаративна книжевност:
    
     – културните и книжевните идентитети и трансфери;
     – синхроните читања на различни книжевни епохи, на различни јазични сфери (региони), на различни култури;
     – книжевната и културната историја на различни региони;
     – метакритиката
.

     Ќе ја прецизирам позицијата на секоја од овие теми со цел да им ја одредам специфичноста.
     (1) Кога се работи за културните и книжевните идентитети и трансфери, прашањето не е сомневање во идентитетите, туку едно распрашување за соодносот на идентитетите. По тој повод, вкрстувањето во дадена култура е само еден вид постоечки идентитет, а не непризнавање, како што обично се вели, на идентитетите. Книжевностите можат да бидат, така, репрезенти на релациите на идентитетот. Вкрстувањето се појавува како нешто кое ги носи во себе и ги илустрира во себе релациите на идентитетот.
     (2) Што се однесува до синхроните читања на различни книжевни епохи, на различни јазични сфери, на различни култури, прашањето не е толку да се пристигне до некои заклучоци кои ќе имаат позитивен или емпириски карактер, туку да се создадат категории кои ќе овозможат едно заедничко читање на тие периоди, на тие култури. Се елаборираат виртуелни модели кои се средства на ова заедничко читање.
     (3) Што се однесува до книжевната и културната историја на различни региони, овде се поставува прашањето и потребата да се надминат реските национални поделби на региони со цел да се разберат книжевните истории како истории на регионалните заедници. Овие регионални заедници управуваат со дизајнот на новите критички, културни и социолошки парадигми.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+