Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Галерија Осврти

Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел

/7
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

колаж и монтажа

Збогум на ХХ век

     Фрагментарноста го следи принципот на конструкција на делови од деконструираната целина или на делови од деконструирани целини преку постапката на монтажа, колаж, калемење на цитати од различно текстуално потекло и сл. Сите конститутивни делови на целината се во рамноправна положба. Тоа им обезбедува да функционираат како самостојни целини, делови што можат да се читаат и вон целината. „Светло сиво“ ја следи формата на омнибус, односно на триптихон, составен е од три различни целини, потпишан од тројца различни автори, а секоја приказна е своја засебна целина. Документарните и жанровските обрасци во „Маклабас“ се колажираат произволно, и покрај тоа што следат навидум цврста наративна линија. Во „Збогум на 20 век“, трите тематски парчиња

Тетовирање

се поврзани меѓу себе со различна мотивираност, додека делот со Дедо Мраз му претходи на делот на Кузман во фабулативна смисла, а доаѓа отпосле во сижејна, следејќи циклична логика на времето. Тогаш црно-белиот инсерт за првиот инцест на Балканот му доаѓа како сосема независен колаж, и стилски и тематски, и филмски различен од другите. Причината за посегањето по овие техники е тезата дека уметничкото дело не може директно да ги изнесува чувствата или да го прикаже светот, туку посредно, низ колажно-монтажно посредување на постојните и историски примери, изразува чувства или го прикажува светот. Елементите на филмскиот јазик немаат значење и смисла по себе, туку нив ги стекнуваат со колажно-монтажно преместување и сместување во текст или слика.

метатекстуалност

Тетовирање

     Постмодернистичките филмови самосвесно и системски го свртуваат вниманието кон својот статус на артефакт. Традиционалниот и модерниот филм најстојуваат да ја минимизираат фикцијата и да го уверат гледачот дека доживува стварност, да изградат таква илузија на светот што ќе го зароби реципиентот во својот привид. Метатекстуалните филмови ја максимализираат фикцијата и му покажуваат на гледачот дека доживува само творештво. Метафилмска техника користи Столе Попов во својот опус. Во „Џипси меџик“ филмот започнува со тоа што Циганите гледаат индиски филм. Начинот на кој тие го доживуваат филмот е миниесеј за односот меѓу филмот и стварноста, видовите рецепција на уметноста. Во „Тетовирање“, затворениците симулираат телевизиска екипа, со која еден од затворениците (Кирил Поп Христов) директно им се обраќа на гледачите, меѓу кои го сместува и својот татко, со што ненадејно го вади гледачот од филмската илузија.

интертекстуалност

Среќна Нова ’49

     Интертекстуалноста е концепт според кој уметноста е составена од уметност не во онаа традиционална смисла дека носи траги од влијанија туку во многу порадикалната смисла: секоја филмска секвенца или сегмент е повторна






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+