Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Театар Осврти

Впечатливата природност на стилот

- Ристо Шишков како актер во ТВ-медиумот -


/5
стр. 1
Горан Тренчовски

     Честопати сме имале можност да се соочиме со архивираните проблесоци од филмското платно или, пак, од телевизискиот екран и притоа, расудувајќи за компонентата на нивната исторична актерска вредност, го забележуваме наизменичното претекнување на природно убедливото над вештачки неубедливото играње или, пак, обратно. По веќе раритетните километри измонтирана филмска и(ли) видеолента, ни станува сосема јасно дека впечатливата природност во стилската алхемија на актерскиот израз плени уште по гледањето на првите кадри од некое филмско дело, во коешто со разумна мера актерот ја използувал сопствената емоција како врзувачки флуид помеѓу авторот/режисерот и гледачот/рецепиентот. Но исто така, сведоци сме и на редица филмски наслови во кои за постапките на одредени ликови се изјаснуваме дека делуваат извештачено. Во токму таквата антагонистичка различност во играта, егзистира и целокупната сугестивна моќност на снимката, како запис, документ или фикција. Вонсерискиот актерски филмски формат на Ристо Шишков можеме единствено да го дефинираме како збир од примери за негување природен однос со камерата, произведувајќи игра ослободена од стандардизирани шеми и решенија.
     Да се зборува или пишува аргументирано за „филмаџијата“ Ристо Шишков е мошне конкретен предизвик низ мноштво аспекти, било општокнижевни, било строго филмолошки. Од повеќемина проследувачи на феноменот на актерската игра врз нашата уметничка почва, сè почесто се прифаќа констатацијата дека (барем) три клучни фази во развојот на македонската актерска уметност се обележани со делувањето на актери кои се претставници на одредена генерација, и тоа преку имињата на актерските персоналитети: Петре Прличко, Ристо Шишков и Ненад Стојановски. По третиот, навистина е тешко да се одбере најеклатантен актерски стилски претставник на поновата генерација која денес твори. Следењето на евидентно искуство наведува на констатацијата дека можеби е потребно да помине уште некоја година, којзнае. Во конкретниов случај „Шишков“, најмногу станувало збор за негово коментирање како актер во театарскиот медиум, но анализирајќи го интермедијалниот маестрален творечки опус, може да се верификуваат повеќе негови комплексни актерски креации и во ТВ-медиумот, од кои поголемиот број потврдуваат дека е тој студиозен носител на главни улоги. А може ли да се реконструираат некои од елементите кои го сочинуваат постоењето на феноменот на медијалниот Шишков?! Секако да, но веднаш се соочуваме со прашањето за толкување на неговиот специфичен модел на актерска игра. И тоа токму кога зборуваме за неговото учество во многу телевизиски, филмски и радио-проекти.
     Една вечер, во средината на седумдесеттите, од малиот екран на тукушто купениот од родителите црно-бел телевизиски приемник од марката „Амбасадор“, презентерот на скопскиот ТВ-дневник соопшти дека ќе стартува нова играна






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+