Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Поезија

Понекогаш

Превод од англиски: Македонка Божиновска


/3
стр. 1
Дејвид Холер

Понекогаш
Старата куќа
*

_______________________________________________________________________

Понекогаш

Понекогаш повтам да злоупотребам груба и остра четка за заби.
Понекогаш, како Линда Грег, пијам половина пиво.
Понекогаш ги бројам напуштените божикни елки
     во раниот јануари (досега 25 годинава).
Понекогаш гледам дречливо фризби како се превиткува
     под свирежот на повратната сила.
Понекогаш канам болни, гледам лоша телевизија
     и мастурбирам низ необични делови од куќата
     кога цимерите ги нема.
Понекогаш мислам на сите мои бивши, и се прашувам
     какви коли возат,
     и погодувам кој би можел да им биде имејлот.
Понекогаш се наоѓам како стопирам со тотални туѓинци.
Понекогаш станувам мошне рано.
Понекогаш толку сум евтин што шетам по улицата Кастро
     со купените намирници.
Понекогаш, само што ќе ме исплатат, земам такси до ридот.
Понекогаш си потпевнувам невозможни мелодии.
Понекогаш го јадам истото пет дена по ред.
Понекогаш сум самосожалив дркаџија,
     сè уште заглавен во улога на жртва сиве овие години.
Понекогаш сум највреден пријател
     што воопшто можете да си го замислете.
Понекогаш го разбирам исчезнувањето на брат ми.
Понекогаш толку ме беспокојат големите забави
     што дури не можам да ги посетувам.
Понекогаш ги копирам и снимам сите нечии имејлови
     во еден фајл (како што скоро сторив со имејловите на Сандра -
     слатка беше нашата првична кореспонденција).
Понекогаш го пробам радиото.
Понекогаш само сакам да му кажам на Мајкл Стајп да замолкне, проклет да е.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+