Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Звук Осврти

Чувари

/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

     Неодамна, дури во некоја рака во пресрет на Св. Илија, на големиот македонски празник Илинден, е обнароден првичниот аудиозапис на Пеце Атанасовски оркестар, албумот на кој има 12 традиционални песни и ора од различни области на етничка Македонија. Навидум ништо необично, та дури и да биде дополнета информацијата дека зад дружината со името на нашиот голем народен уметник и светски познат гајдаџија, стамено се застанати неговите ученици, оние со кои ја споделуваше бескрајната љубов кон нашиот музички јазик пред да се вивне горе за да се натсвирува, натпејува и надигрува со ангелите. Арно ама, ако само за миг од над главата ги избркате облаците на сомнежот и ја отворите душата, ги препознаете топлината и енергијата во себе, не ќе можете да го запрете срцето да се изнарадува. Да го јавне ритамот на опстојот длабоко запишан во генот на сите нас. Македонците. Да ги изживее сите оние мигови на себеоткривање. Одново и одново. Засекогаш. Како што тоа им се случило, случува… на момците и девојките од Оркестарот. Оние што како разулавен ат го јавнале бранот светлина и се заколнале да бидат чувари на пламенот. Онака како што ги учел волшебникот – Пеце Атанасовски.
     А, тој, и самиот пленик на генот и македонскиот музички јазик, чуварот на азното, добро знаел дека задачата нималку не му е лесна и оти, на првиот час, пред себе има вљубеници што израснале во бетонската џунгла, кои младоста најсетне ги упатила во вртлозите на едно подруго, посурово созвучје условено од реалноста на ововремениот балкански водовртеж. Го знаел и тоа дека Ристо Солунчев (гајда и вокал), Ѓорѓи Донев, Ванчо Дамјановски и Виктор Сиљановски (кавали), Дејан Спасовиќ (ќемане и вокал), Смилен Димитров, Александар Стаматов, Владимир Мартиновски и Дејан Сибиновски (тамбури), Веле Солунчев (тапани, дајре, вокал) и женската пејачка група во која се: Светлана Јаковлевска, Ана Јанева, Вера Милошевска, Саша Димитрова, Весна Левајковиќ и Славица Ѓурческа, веќе ја чествувале сопствената младешка енергија и гласно и јасно ги плукнале пораките на гнев при што нималку не му потклекнале на притисокот да бидат прегазени од новосоздадените обичаи и испајпузените вредности. Знаел дека, како некаков кредит од времето, зад себе ги имаат веќе познатите состави како Чиста околина, С.А.Ф. … Факт што можеби повеќе говори за нивната преданост кон делото отколку што упатува на музичката писменост. Затоа големиот мајстор не само што ги научил да ги пуштат емоциите низ инструментите како што прилега, туку на патешествието до непресушниот извор на македонскиот мелос






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+