Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Звук Осврти

Радио: Канал 103

/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

     Во деновите од изминатиот викенд, речиси за влакно, ќе отидеше курбан едно од култните радија во државава – Канал 103. Имено, директорот на Македонско радио, во саботата, им соопштил на хонорарните соработници на 103-ка дека треба да се „селат“ на една од двете фрквенции (Радио Скопје или Втора програма) кои емитуваат програма на државно ниво и програмата што би ја подготвувале би одела во етер во периодот од два до шест часот наутро и на тој начин тие би го прошириле кругот на своите слушатели (?!). На тој начин би бил решен статусот на Радиото за кое одамна се вели „дека го нема во актите на МРТ, а на што пак сега демек инсистираат од Советот за радиодифузија и Предаватели и врски…“. Небаре се работи за виртуелно радио, а на сите добро им е познато дека оваа програма е една од големите придобивки на МРТ од транзицијата и заживувањето на демократијата на овие наши простори. Згора на тоа, 103-ка, како пионер во тој процес, има свој не мал аудиториум (неколку генерации) кој од своја страна фанатично го подржува сето она што е вообличено како аудио понуда. Притоа, заради различните „концепти“ за иднината на Радиото, работата отишла до таму што споменатиот директор од соработниците се разделил со забрана од понеделник наваму да не влегуваат во просториите на МРТ. Арно ама и овие не останале со скрстени раце, та работата стигнала до Генералниот директор и тој, велат зачуден од тоа што го слуша (?!) го пресекол јазолот. Канал 103, со сите салтанати – програма, одбрана музика, водители и сл., ја продолжува својата одисеја во етерот. Онака како што знае и умее. Како досега.
     Навидум како ништо да не се случило. Е, арно ама не ќе да е така.
     Најнапред вчудоневидува ваквиот потег сторен непосредно пред Изборите. Се отвора прашањето кому му е потребна токму сега фреквенцијата на која долг период егзистира Радиото? Потем, како тоа оддеднаш се досетил дотичниот директор дека на една единка од Македонското радио со кое раководеше во изминативе четири години не ѝ е решен статусот. На крајот на краиштата, многу пологично е и сега кога му текнало да се позанимава со тоа прашање да не го фрла во вода сето она со што 103-ка како кредит од минатото се има стекнато досега. Тоа би требало да е и негов успех. Или, пак, можеби и тој мисли дека Канал 103 е  „слепото црево на МРТ“, „програмата што некои ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+