Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Звук Осврти

Нова генерација бразилски музичари - Морено Велосо

/3
стр. 1
Ненад Георгиевски

Морено Велосо, заедно со Бебел Жилберто и Даниел Жобим е припадник на новата генерација бразилски музичари кои со помош на електроника им даваат нови димензии на традиционалните форми на бразилската музика. Како син на легендарниот самба поет и основач на Тропикализмот Каетано Велосо, тој веќе од најрана возраст учествува на турнеите и албумите на татко му и другиот основач на Тропикалија – Жилберто Жил. На неговото прво издание се чекаше долго време поради тоа што подготвуваше докторска дисертација по физика. Самиот албум “Music Typewriter” е мешавина од повеќе бразилски стилови: самба, MPB (Música Popular Brasileira), боса нова. Оваа година заедно со својот бенд Морено+2 тој ќе настапи во повеќе градови во Европа, меѓу кои и Скопје.

Пред извесно време Вие потпишавте за Luaka Bop, при што Вашето прво издание “Music Typewriter” беше повторно издадено. Кажете ми што значи самиот наслов? На што се однесува “Music Typewriter”?
    ”Music Typewriter” нема некое значење на англиски но и во оваа форма звучи убаво. На португалски “Máquina de Escrever Música” значи машина за пишување музика и овој израз честопати го користеше нашиот маестро Антонио Карлос Жобим за неговиот компјутер.

Една од работите што ги забележав во Вашата биографија е дека имате студирано физика и дека повремено работите во лабораторија. Како балансирате помеѓу обврските како уметник, работата во лабораторија а воедно и работата во студио?
    Во почетокот немав кариера како уметник и можев да ги спојам работата во студиото и во лабораторијата како и студиите на универзитетот. Всушност, имав проблеми со спиењето но од друга страна мене и не ми треба толку спиење. Поради сите овие обврски сега воопшто не се гледам со пријателите од лабораторијата.

Како се појави кај Вас интересот за електронска музика?
    Како дете за време на забавите на кои одев посебно внимание им посветував на диџеите и тоа што го нудеа постојано се менуваше исто како и компјутерите од 80-те и 90-те. Потоа се сретнав со Касин кој самиот е добар диџеј и тоа што ми го покажа имаше големо влијание на мене односно тоа беше експериментален, налудничав и технички добар начин на создавање музика.

Дали се сеќавате на првиот албум кој влијаеше на вас?
    Се сеќавам можеби на првите стотина. Јас пораснав во куќа каде луѓето слушаат и свират музика нон-стоп. Но првиот албум кој го купив беше колекција на дела од Бах (каде беше и „Токата и фуга“) поради кој ја засакав класичната музика.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+