Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Поезија

Почнете без мене

/7
стр. 1
Јовица Ивановски

По Новата година
Печалбарска
Будала
Повторно сам
Да не читаш весници
Почнете без мене
Кревет

_______________________________________________________________________

По Новата година

Ноќеска милион петарди дупнаа
        милион балони
внимаваме да не ги газиме
небаре се презервативи полни
           со експлозив
омајни се овие првогодишни утрински
прошетки по празните глуви улици
само старци и заскитани славеници
кои го пијат првото утринско сонце
           како живо јајце
ноќеска овде одбројуваа си ги стругаа
лицата и се прскаа со надеж пенлива
ги имаше како зборови на буквата П
        во речникот на мајчиниот
сега спијат како бебиња со шишенца
           расол во лулките
се одмораат и цвеќињата и зимата
и ората и зората и сармите и дамите
се одмораат и градоначалникот и
првото рулче и телевизорот и докторот
само ние со дебели очи и траќни глочки
во потрага по отворена продавница
минуваме крај дрвјата со себојни
           светлечки овошки
крај иглите на зимзелените вденати во
бели влакна од брадите на црвените
крај убави украсни хартии (веројатно)
нетрпеливо оттргнати од убави подароци
крај таксист кој не се пали на палец
крај единствената отворена продавница
од каде на крајот купуваме векна леб
и со неоправдана неугодност си ја
земаме малата паричка – кусур
која можеби подоцна ќе ни
           се најде
за во лепчето на Бадник


Книга од Јовица Ивановски  во издание на Блесок:
¤ Избрани песни






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+