Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 02 | година I | април-мај, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 02април-мај, 1998
Галерија Осврти

Каде е магијата во „Џипси Меџик“?

/6
стр. 1
Петар Волнаровски

1. за структурата

На почеток, ќе дефинираме некои аспекти, околу самиот термин структура, кој што во овој текст ќе го прифатиме на поинаков начин отколку што тој се подразбира вообичаено. Во овој текст, под поимот структура ќе ги подразбираме не само оние феномени и појави кои му припаѓаат спрема методологијата на структурализмот како правец, туку, ќе подразбираме еден комплекс доста поширок и покомплексен; покрај чисто структуралните елементи како што се темата и мотивите во делото, актантите и функциите што тие ги носат, под овој поим ќе ги сместиме елементите на хронотопот, и исто така, елементите на текстовното решение – и од наративен, од стилски аспект. И, во истиот контекст, интертекстуалната констелација на делото. Сето тоа – сосем накусо: нема да го злоупотребуваме просторот што треба да му припадне на овој текст, така што тука нема да навлегуваме во детални анализи, туку веднаш ќе прејдеме на конкретните кажувања за делото што произлегуваат од нив.
    Како прво, самата тема – доста несреќно избрана, ќе речеме. Посебно затоа што некако доцна доаѓа во однос на една веќе можеби и премногу експлоатирана тема и во пошироки рамки во општата светска филмска продукција. Во секој случај, тоа и не ќе беше нешто негативно, ако филмот носеше нешто ново: некој нов пристап (кон темата), некој нов израз, нешто ново во постапката со која се обработува истата, или барем некоја нова (авторска) гледна точка кон проблематиката. Но за жал, тоа со овој филм не е случај. Бидејќи, освен интересната идеја на заплетот во самото сценарио, односно перипетиите околу лажното умирање на поголемиот дел од семејството на Таип (носечкиот лик кој преку оваа измама се обидува да го оствари својот сон за одење во Индија, неговата земја од соништата и негов силен копнеж), и можеби и потенцијалите на самиот актерски кастинг, филмот не ни донесува ништо друго, ни свежо, ниту пак инвентивно или луцидно ново, а што токму можеше да се очекува од еден автор со таква репутација и завидна творечка заднина. Тоа, овој филм го доведува до феноменот „веќе видено“; и, од страна на свежоста што е најнормално да се очекува од вакво ново остварување на таква толку експлоатирана стара тема.
    Самото текстовно структурирање на фабулата речиси и го нема; самиот хронотоп е рамен, препознатлив, без мистеријата на создавањето и без најмала трага на енигма во неговата динамика. Може да се каже дека во случајот на „Џипси Меџик“: сижето = фабула, односно дека не постои конкретна сижејна обработка, и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+