Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Проза

Три соби за двајца

/4
стр. 1
Оливера Ќорвезироска

    – Вака и вака – му велам на маж ми, обидувајќи се да ги ослободам неговите очи заковани во весникот.
    – И? – механички ми одговара тој не можејќи да се оттргне од својата омилена рубрика.
    – Што и? За тебе не е доволно што секогаш изнајмуваат три соби, а се двајца?
    – Па што?
    – Три соби за двајца и уште па што?
    – Си имаат пари луѓето, си изнајмуваат соби колку што сакаат.
    – Три за двајца?
    – Па зошто да не!
    Пробав уште неколкупати да го развијам истиов дијалог, се разбира – неуспешно, а потоа кренав раце од идејата да поттикнам интерес кај маж ми, целосно посветувајќи им се на своите размисли зошто би можеле двајца луѓе да изнајмуваат три соби.
    Одамна бев сфатила дека ништо на светов не е случајно. Ни датумите кога се раѓаме, ни накитот што го носиме или не го носиме, ни тоа каде одиме на одмор и како. Мислам во колку соби. Сè е запишано во природата според нечија прецизно земена мерка. Како што, впрочем, и нашата олкава вила во Лагадин ја изградивме како во агонија, не ни помислувајќи зошто ни е, нам, на двајца самци. Од незнајни длабини на езерото, до мене допираше притаен глас дека постои тајна врска меѓу нашата вила и трите соби на нашите постојани гости. Се сетив дека пред десет години кога решивме да направиме нешто во Лагадин на местото што ни беше подарок од моите родители, а лежеше така неискористено уште од нашата венчавка, маж ми толку многу инсистираше вилата да биде огромна, баш ваква каква што е денес. „Што ќе ви е“, ни велеа и мајсторите и инженерот што ни го правеше проектот и кому постојано нешто му менувавме, надодавајќи, никогаш не намалувајќи, а маж ми само велеше „сакам“ и точка. Толку многу „сакаше“ вилата да биде голема, што почнувам да се сомневам дека и тоа е во некаква врска со трите соби на двајцата Добриќи – Ена и Анте од Загреб.
    – Кај се сега? – ме прашува маж ми, затворајќи го најпосле весникот.
    – Ена веројатно пешачи по плажата до Пештани и назад, а Анте, ене го, долу, пуши џарејќи се во езерото.
    – До кога ќе останат?
    – Како секогаш. Од први јули до први август. Таман се на половината.
    – А третата соба не ја ни отвораат? – отсутно прашува гледајќи низ прозорецот.
    – Што гледаш?
    – Сакам да го видам Анте… А да, ене го…
    – Не – му одговарам, а тој зачуден се врти накај мене






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+