Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Проза

Пераст

/9
стр. 1
Игор Мароевиќ

    На мојот закоп ќе има двесте пријатели,
    а ти мораш да одржиш говор на мојот гроб.
    
Томас Бернхард

    Познавајќи ги Освалд и Лео, не ни насетував дека смртта на едниот од нив толку ќе го трогне другиот. Ох, нашиот пријател се убил, а не го избрал самоубиството! – туфкајќи Освалд ритмично повторуваше во слушалката. Меѓутоа, содржината на овие зборови откриваше дека тој, сепак, истовремено внимава да не ја протолкува Леовата смрт како однапред пресметан (…) никаков спонтан чин на очајник. И покрај потресеноста од загубата на пријателот, Освалд не беше заборавил дека одамна се има определено себеси како, бездруго, единствениот човек чие самоубиство би било безинтересен избор. Секој друг (па, ете, и Лео) го прифаќа, нели, зашто не може да го издржи самооплакувањето во конкретни неволи. Со слични зборови овој мој колега од работа во градежното претпријатие го коментираше и мојот некогашен порив за суицид. Од друга страна, Лео, со кого ги делев станот и клупата, не ни дозна дека сум (бил) кандидат за самоубиец. На самиот почеток кога почнавме да се гледаме, секој мој обид да му го соопштам тоа се одбиваше од неговиот монолог. Во меѓувреме, се откажав; знаците дека Освалд ќе си го одземе животот прераснаа во сосем отворена закана дури по неговото враќање во Пераст; од нас единствено се уби Лео. Тоа и се очекуваше: за разлика од Освалда и мене, тој не се петелеше со самоубиствениот порив, туку го чуваше, за да може, неначнат и секогаш свеж, лесно да го искористи. Навреме да насетев дека Освалд ќе се петели, па макар и само со суицидалниот порив, немаше ни да се зближам со него. (Подоцна увидов дека во почетокот тој бил толку потиштен, само затоа што извршуваше пониска работа од мене; беше набавувач, трчкало, момче за сè). Кога, поради нескриената инфантилност на другите колеги – и обичајот на колешките наутро на сет глас да ја прераскажуваат авантурата на печење пиперки за зимница – спрема него манифестирав очајничка отвореност, тој во неа виде згоден простор за натрупување на досегањата на сопственото коцорење. Оваа особина кај другите му пречи на човек кој исто така е склон кон петелење; јас ја задушував таа своја склоност. Штом ќе стане вистински терорист, зажалувате дека спрема него не сте постапиле барем малку побезмилосно. Но, тогаш веќе е доцна: новиот однос е формиран и нужни се многу напори за да го измените повторно. Наспроти тоа, еве, Освалдовиот глас трепереше повеќе отколку што можеше да се претпостави,


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+