Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Есеи

Влијанието на онтологијата врз филозофијата на политиката во Античка Кина

/9
стр. 1
Александар Стаматов

Вовед

    Меѓу истражувачите на кинеската филозофија и компаративните филозофи постои општо прифатено гледиште дека кинеските филозофи, за разлика од европските и индиските, му придаваат поголемо значење на практичниот, отколку на теоретскиот дел на филозофијата. Но, тоа не значи дека теоретската филозофија во Кина е целосно исклучена. Напротив, таа е од големо значење за кинеската филозофија. Нашата цел овде е да укажеме на еден аспект на поврзаноста меѓу теоретската и практичната филозофија во Кина, поточно, меѓу онтологијата и филозофијата на политиката, т.е. влијанието што онтологијата го врши врз филозофијата на политиката. Со тоа, намерата не ни е да се спротивставиме на горенаведеното гледиште, туку да потенцираме дека иако практичната филозофија има примат над теоретската, оваа вторава игра значајна улога во креирањето на практичната филозофија и претставува нејзина основа.
    Во времето од шестиот до вториот век пред новата ера во Кина се развиваат многубројни филозофски школи. Поради тоа овој период се нарекува „период на сто школи“. Историски, овој период спаѓа во т.н. „период на завојувани држави“, кога, стекнувајќи одредена моќ, разните феудалци се одвојувале од централистичката власт на Кина и станувале владетели на своите мали држави. Овие држави често војувале меѓу себе со цел да стекнат што е можно поголема територија и моќ, сè додека во вториот век пред новата ера не надвладеала најсилната од нив со што ги освоила сите држави и повторно воспоставила централна власт врз цела Кина. Периодот на завојувани држави бил добра подлога за развивање и цутење на филозофијата. Многубројните војни и политичките кризи довеле до тоа кинеските филозофи да размислуваат околу прашањето како подобро да се живее, па така етиката и политиката биле во прв план. Историчарот С Ма Тан (?-110 н.е.) од „стоте школи“ како најзначајни издвојува шест.[1]  Ние овде ќе ги издвоиме најзначајните три од нив, конфучијанизмот, таоизмот и моизмот и ќе се осврнеме на нивните политички учења. Но, нашата цел овде не е да говориме за политичките учења на овие школи како такви туку да ја изнајдеме поврзаноста меѓу онтологијата и филозофијата на политиката, односно влијанието на онтологијата врз филозофијата на политиката кај овие школи.
    Можеме да кажеме дека кај овие три школи онтологијата влијае на два начина: директен и индиректен. Директното влијание се состои, од една страна, во ставот дека државата и законите се создадени од онтолошкиот принцип, а владетелот не претставува ништо повеќе отколку слуга на тој онтолошки принцип, а од друга страна, во ставот дека државата, светот и онтолошкиот принцип сочинуваат единство. Индиректно влијание имаме

_____________________________________

1. Поопширно за состојбата на филозофијата во тој период види: Колер, Џон, Ориентални филозофии, Зумпрес, Скопје, 1996 или Fung Ju-lan, Istorija kineske filozofije, Nolit, Beograd, 1983.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+