Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Критика

Еден во Парот

/14
стр. 1
Јасна Котеска

Во Пар со Странецот

    Определен жанровски како краток роман, „Смртта во Венеција“[4] на Томас Ман, ја репрезентира структурата на љубовник вљубен во странец, foreigner. Невозможниот пар тука ја вклучува хомосексуалната љубов меѓу старец и малолетно момче. Таа љубов е невозможна според Законите на заедницата, затоа таа структура бара криминалитет на Законот и колапс на вредностите на Поредокот, за љубовта да добие свој пат.
    Главен јунак на романот е Густав Ашенбах, познат и признат германски автор, кој во своите поодминати години доживува креативна криза, резултат на дисциплинирниот, целибатски, и строго контролиран креативен живот. Едно утро, по особено напорната, но стерилна креативна сесија, излегува да се прошета околу гробиштата во Минхен и здогледува чудна фигура на дојденец. Странецот, облечен како турист, има необична појавност и го потсетува Ашенбах на џунгли, тигари и јужни земји. Изморен од пресијата да пишува, Ашенбах се одлучува да замине во Венеција. На бродот кој патува за Венеција тој здогледува група момчиња кои се забавуваат, и меѓу нив, во моментот на шок и згаденост забележува дека еден од момчињата е всушност старец со перика, со лажни вилици и со руменило. Бега од „младо-стариот ужас“, како што го опишува нараторот на Ман и се качува во гондола која треба да го донесе во градот. Годолиерот е криминален субјект, како што Ашенбах дознава подоцна „човек без дозвола“. Годолиерот го вози на погрешна адреса и не му зема пари за патувањето, велејќи му дека патот „ќе биде наплатен“. Во хотелот вниманието му го привлекува едно многудетно полско семејство, дојдено на одмор. Меѓу децата на семејството го здогледува преубавото лице и фигура на 14 годишното момче Таѓу. Ашенбах е возбуден од оваа појава и со восхих го споредува со Грчките богови и со идеалот за машка естетика. Ашенбах се опседнува од младиот Таѓу, будно ги следи неговите игри на плажата, прошетките со мајка му и дадилките, сè додека не си признае дека е всушност – вљубен во него. Таѓу станува свесен за погледите на стариот германски турист, и постепено започнува да му ги возвраќа. Истовремено, во Венеција започнува да се шири колера, која доаѓа од бродовите од Индија. Иако локалните сопственици на хотели ја негираат болеста, сè повеќе туристи го напуштаат местото. Ашенбах дознава за распаѓањето на градот, и иако сака за тоа да ја извести полската фамилија, се откажува од романтичниот гест на спасувач, откако сфаќа дека неговата најинтимна желба е ниту тој, ниту Таѓу да не заминат од Венеција. Поправо: да останат

_____________________________________

4. Tomas Mann, Der Tod in Venedig, 1912, од мак. превод: Смрт во Венеција, Детска Радост, Скопје, 1997.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+