Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Галерија Осврти

„Болшевици и меншевици“ – од иднината

За филмот „Малцински извештај“; режија: Стивен Спилберг; улоги: Том Круз, Колин Фарел, Саманта Мортон, Макс фон Сидоу


/3
стр. 1
Стојан Синадинов

    Успешната реализација на револуционерно-воениот пуч во царска Русија во 1917 година, со нападот на Зимскиот дворец во Санкт Петерсбург, донесе и една вековна дилема за демократијата. Имено, оттогаш се влече и терминот „болшевизам“, како синоним за недемократско, авторитарно владеење, сеедно што се водело, најпрвин, како „диктатура на пролетаријатот“, а потоа „сталинизам“ итн. Во поделбата на (револуционерно) „правоверните болшевици“ и „лузерите-меншевици“, колку што се огледа идеолошкиот поглед на историјата, толку се гледаат и фактите, колку и некој да не сака да ги види: „болшевизмот“ во руската терминологија значи мнозинство; „меншевиците“ се малцинство. Според секоја демократска политичка „математика“, се работи за победа на мнозинството, на помалку или повеќе демократски начин. Но, што да се прави: демократијата е судир на различни збирови на интереси…
    Овој вовед, посебно за помладата филмска и читателска публика, сигурно е прилично матен, на ивица на непотребност. За да не ја шириме приказната уште повеќе, може да се скрати на различни начини: во духот на народните умотворби – демек, не е злато сè што сјае – и слично. Но, во огледот за новиот филм на Стивен Спилберг, „Малцински извештај“, тој политички поттекст отсликува цела една „идеологија“ во американскиот филм, која се базира на принципот на борбата на поединецот против системот, денес популарно срочено во максимата „сам-против-телевизијата“ како досетка за опис на некој утопистички зафат во општеството.
    

    Значи, ваквиот вовед не е само еден од критичарските хирови на „паметување“: тој е инспириран од суштинскиот „политички“ бекграунд на насловот на филмот. „Малцински извештај“, не само од перспективата на просечниот балкански политички поглед, најпрвин асоцира на класична политичка приказна. Потоа, со експозицијата на научно-фантастичниот дискурс, базиран врз делата на Филип К. Дик, и покрај замаглувањето на првичната интенција, критичарот (најверојатно) ќе биде во право кога ќе го прогласи „Малцински извештај“ на Спилберг за политички филм par exellance. Тоа не е ништо ново: кога ќе се „изгребе“ целата компјутерска анимација во, на пример, „Војна на ѕвездите: напад на клоновите“ на Џорџ Лукас, кој со Спилберг го сочинуваат модерниот холивудски „јин-јанг“ во програмска, естетска, продукциска и идеолошка смисла, ќе се види само еден – додуша, многу анемичен! – политички трилер. И ништо повеќе.
    Но, рековме, ни помалку од политичка сторија во класична смисла. Иако Спилберг до сега, најмалку еднаш, се занимаваше со политичкиот жанр – „Бојата на пурпурот“ – новата страница во поимањето на модерните идеологии на 21-от век, која на највпечатлив начин ја отворија браќата Вачовски со „Матрикс“, веројатно го повлекло најуспешниот еклектичар во холивудскиот 20-ти






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+