Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Звук Осврти

Пирати

/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

    На новинарските примероци од албумот на Тоше Проевски – Ако ме погледнеш во очи, чие пуштање во продажба е прашање на часови, безмалку на секоја нова песна по неколку пати е снимено предупредувањето „да се купуваат оригиналните носачи на звук, а не пиратите“. Таквото предочување, на кое во случајов со полно право инсистираат издавачот Продукцијата на МРТВ и особено новите извршни продуценти (менаџерскиот тим) на големата македонска пејачка ѕвезда, за новинарите нималку не е непознаница. Тие веројатно се и единствените кои повремено преку писанијата во медиумите каде што работат знаат да потсетат дека и во оваа држава доследно треба да се спроведуваат законите. Во случајов оној за заштита на авторските права и против пиратеријата кој, овде кај нас во Република Македонија како самостојна и самоуверена државичка, никако да почне да се спроведува. Небаре се чека некој однадвор и за ова да дојде и да ни ги средува работите. Или можеби да нè удри со остенот по рацете и да ни подвикне дека сме се испозанеле, дека сме заборавиле… и слично. А, потем како за замачкување на очите нашиве демек ќе се размрдаат, ќе тргнат по дуќаните, пазарите и… ќе почнат да го наплаќаат „данокот во дискови“. Веројатно во „успешнатата акција“ ќе ги соберат таквите долгосвиречки дребулии за развеселување на народецот. И … тие во најдобар случај можеби ќе завршат да собираат прашина во некое складиште, а уште пореално е дека нема ни да стигнат да бидат уништени (како на пример со милионите примероци во Кина). Дефинитивно, така ќе си поиграат малку „мижи-татара“ со оние кои всушност се последнатата алка од добро разработениот синџир што се протега ширум Балканов. И, погоре-подолу на тоа ќе заврши работата.
    Да се разбереме, нималку не е во тоа работата. Тоа што со арно или со лошо, со милни зборови или кавги и расправии до тепачки ќе бидат собрани неколку илјади пиратски дискови ништо не значи. Јалова работа. Иако и таквите потези разбирливо се дел од вкупната акција со која треба да се зафати државниот апарат. Имено, најнапред државата како првичен чекор ќе треба да го исфрли пиратскиот (компјутертски) систем на кој се потпира работата на безмалку половина ако не и повеќе од државниот апарат. Потем, треба да се спречи влезот („увезена стока“) на таквите успешно или помалку успешно сработени копии, бидејќи повеќе од јасно е дека „бизнисот“ во основа се потпира на продуктите што едно време се влеваа од исток, а сега од север на државава.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+