Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Звук Осврти

Лузери

/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

    Во деновите пред и од изминатиот викенд се случија завршните удари на две манифестации, кои суштински се занимаваат со супкултурата, нека биде рокенролот, на новите генерации од нашево парче од Балканот. Речиси едновремено финишираа Андеграунд саунд фестивал и Лузер фест 02. Новопромовираниот Андеграунд… (зад него стојат истите ентузијасти што со години го туркаат Рок-фест) се обистинуваше во текот на изминатиов месец во единствениот скопски рокенрол клуб Лејди блу, со тенденција репризно да се пролонгира во текот на декември во Штип, а веќе заживеаниот (под пазувите на силниот Таксират и со бекграунд што може да го обезбедат промоторите како Литиум рикордс) Лузер фест 02, во редовниот термин – што претпоставува една недела пред почетокот на „големиот брат“, се обистини во Младинскиот културен центар во Скопје, единствениот поголем простор за рокенрол свирки во градов кој вака, безбели, повторно како да ги отвора вратите за „валканата музичка форма“.
    На обата фестивала, продефилираа 30-ина бенда, а кога сè ќе се собере настапите ги следеа околу 4.000 посетители, што нималку не е бројка за потценување. Не особено, ако се знае дека клубот во центарот на градот речиси редовно беше исполнет како што прилега, а, од друга страна, пак, во МКЦ на рокенрол „шутка“ одамна (една-две години, значи од моментот кога со просторот почнаа да „експериментираат“ некои што сметаа дека треба да ја набркаат толпата „што може да ѝ го гнаси ликот на институцијата“) не се собрале толку многу (околу 1.500 продадени влезници) млади луѓе. Сè заедно, ако се има на ум дека анимирањето на присутната публика беше сторено единствено со неколку едноставни плакати залепени во центарот на Скопје и речиси ништо друго (овде реално не би требало да се сметаат бројаните минути на некои од локалниве радиостаници, при што зачудува изостанувањето на силна поткрепа од некогаш култното радио Канал 103, чија сфера на интересирање треба да биде токму андеграунд културата), ваквиот тек на настаните за неупатените може да биде изненадувачки.
    Да се разбереме, никој умен, особено не од даденото супкултурно (читај: андеграунд) опкружување не го очекува нагласеното интересирање на електронските медиуми во земјава за ваквите случувања, та на тоа заборавија дури и многу поафирмираните како Архангел, Кисмет, Т.Б. Трачери…, но до толку да се немало слух за еден, сепак специфичен, творечки ангажман на генерациите, кои од поинаков агол ги гледаат работите и поразлично ја канализираат сопствената младешка енергија, е апсолутна глупост што се повторува постојано и упорно. Како да не се сака да се научи лекцијата дека:






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+