Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Звук Осврти

Интервју со Коко Монтоја

/4
стр. 1
Васја Ивановски

– Твоите музички почетоци?

Моите музички почетоци се во моето детство. Имав две постари сестри и брат кои по цел ден слушаа рокенрол и поп музика од тоа време. За разлика од нив, моите родители слушаа музика во распон од биг бенд џез до латино американски вокалисти. Сето тоа имаше влијание врз мене, потоа ги паметам оние ТВ емисии, особено оние за тинејџери кои исто така ме поттикнаа, така што веројатно уште тогаш знаев дека музиката ќе биде она што сакам да го работам во животот.
    
    – Претпоставувам дека некои фанови не знаат: ти твојата кариера, всушност, ја започна како тапанар!

Па тоа е доста позната работа, дека почнав како тапанар, така што мислам дека повеќето луѓе го знаат тоа. Тапанар станав на почетокот на мојот музички пат, гитарата ми беше втор инструмент, но завршив како тапанар во бендот на Алберт Колинс. Тоа се случи некаде во 1972 година и со Алберт свирев 4 години. Потоа дојде до транзиција и се префрлив на гитарата за што понатаму веројатно ќе позборуваме повеќе.
    
    – Дали го паметиш твојот прв бенд?

Дали го паметам својот прв бенд? Тешко е да се сетам на времето и на деталите. Бев во раните тинејџерски години кога направивме прв бенд и бевме заникаде! Тогаш имав 14-15 години и знам, свиревме на лоша опрема. Се викавме Ел Еј Смог, бевме група деца кои се обидуваа да свираат заедно во исто време и бевме навистина ужасни!
    
    – Кои беа твоите најрани музички влијанија?

Тоа беа Џони Отис и Битлси, како и музиката што во тоа време беше актуелна. Конечно, морав да го слушам сето она што постарите сестри и брат ми го слушаа во куќата. Покрај сето тоа, и моите родители влијаеа врз мене со нивните афинитети кон музиката на биг бендовите како оној на Арти Шо и луѓето како него кои беа навистина прекрасни. Го паметам и првиот концерт на кој бев, тоа беше настапот на Мексиканецот Мигуел Асевез Мехија и многу ми се допадна.
     Мислам дека бев под влијание на блузот бидејќи Џони Отис имаше свое ТВ шоу секоја недела. Преку таа емисија имав можност да слушам многу стар блуз што многу ме привлече, иако тогаш и не знаев како се вика таа музика, едноставно знаев дека ми се допаѓа и ме привлекува, се разбира, покрај рокенролот кој е дете на блузот.
    
    – Дали средбата и работата со Алберт Колинс ја сметаш за клучната точка во твојата кариера?

Да, тоа го сметам како извонредна можност што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+