Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Театар Осврти

Побуната против редот на нештата

во драмите Танго од С. Мрожек, Големиот брилијантен валцер од Д. Јанчар и Бунт во домот за старци од В. Андоновски


/10
стр. 1
Нада Петковска

    Уште при појавата на драмата на Драго Јанчар Големиот брилијантен валцер, се постави прашањето за блискоста со Мрожековото Танго. Иако врските не се многу евидентни, бидејќи кај Јанчар се работи за една поинаква структура, за различни ликови и околности, сепак останува впечатокот за нивната сродност. Во македонската литература со понов датум, се појави текстот на Венко Андоновски Бунт во домот за старци, што исто така може да се доведе во врска со двата споменати текста.
    Блискоста на трите текста особено се забележува на нивото на нивната длабинска структура, која покажува идентичност на драмските функции.
    1. Танго од Славомир Мрожек, напишана во 1965, без сомнение веќе го добива атрибутот на ремек дело на полскиот автор, дело што ја обележи авангардната драмска книжевност. Во времето на своето појавување определено е како трагична фарса (М. Еслин: Од онаа страна на апсурдот)[1], но од денешна перспектива, Танго исто така сосема оправдано може да се нарече типична постмодерна пиеса, богата со автореференцијални и метатекстуални коментари за современата состојба на драмата и театарот. Оттука не е случјно што сè уште делува инспиративно на помладите автори, кои во него наоѓаат појдовна точка за своите видувања на проблемите на власта, побуната против неа и конечно – смислата на тој акт. Блискоста на текстовите ќе ја проследиме низ неколку карактеристични ситуации.

А. Почетна ситуација: место на одвивање на дејството

    1. Во Танго станува збор за граѓански салон, кој е во тотален неред, во распаѓање. Таквата состојба се сугерира со пренатрупаноста со остатоци од мебел што одамна ја изгубиле својата функција (детска количка што му припаѓала на сега дваесетипетгодишниот Артур, катафалк од погребот на дедото кој починал пред десетина години, и многу други непотребни и запуштени предмети). Ситуацијата во салонот е одраз на ситуацијата во семејството – неговите членови се во иста дезорганизација, или поточно: тука владее вистинска анархија во односите (Стомил цел ден го минува во пижами; недостасуваат животни продукти; секој јаде кога ќе му се посака; постојано се формира група за играње карти); накратко, тука воопшто не се почитуваат принципите на еден семеен, организиран живот.
    2. Во Големиот брилијантен валцер дејството се случува во специјалниот завод за рехабилитација што работи под геслото ‘слободата ослободува’ или кажано неметафорично – во душевната болница. Во почетните дидаскалии местото е опишано на следниов начин:

_____________________________________

1.  М. Esslin: Au dela de l'absurde. Paris, Ed. Buchet – Chastel, 1970.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+