Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Театар Текст

Ништо без Трифолио

/2
стр. 1
Русомир Богдановски

_______________________________________________________________________

Лица

Комедија во грчко-римски стил
    Напишана по средбата со веселиот дух
    на римскиот комедиограф
    ПУБЛИЈ ТЕРЕНЦИЈ АФРИКАНЕЦ,
    кој ослободен од телото на својот господар
    159 година пред нашата ера, лута низ вековите.

Лица:
    Кантарион, старец
    Лавандула, жена на Кантарион
    Петунија, постарата ќерка на Кантарион
    Мелиса, помладата ќерка на Кантарион
    Трифолио, пријател на дело
    Милес Глориосус Розмаринус, заповедник на пешадиски одред
    Хибискус, старец
    Пинус, помладиот син на Хибискус
    Адонис, постариот син на Хибискус
    Камелија, вонбрачна ќерка на Кантарион

Прв  чин, сцена 1

(Од куќата на Кантарион се слуша врева, писоци, кршења. Излегува Лавандула.)

    ЛАВАНДУЛА: Што дека маж ми е милионер? Што ако е најмоќниот трговец во Лихнидос, а сега член на Сенатот во Скупи, кога е скржав како стипса. Кога ќе зграпчи некоја пара, да го маваш по рака нема да ја испушти. Тргува со ткаенини, со свила, а јас и ќерките одиме облечени како последните во градов. Не оти е умен, туку оти е стиснат го избраа во Сенатот. Времето било такво, требало да се штеди! Нам сите времиња ни се такви; само што ќе живнеме, ќе се опуштиме, стегај го ременот! Дома ни скусува, а надвор ги качува цените. Сега, за да се истакне во Сенатот, газот ќе ни фати пајажина. Соседиве изградија палати, а ние останавме на ова куќарче од десетина одаи и на оние во Скупи, во Хераклеја, Стоби. А имаме две ќерки, златни, убави, зрели за мажење!
    КАНТАРИОН: Лавандула, каде си?
    ЛАВАНДУЛА: Под кајсија! Еве го, маж ми, Кантарион!

Прв  чин, сцена 2

Сцена 2.

(Доаѓа Кантарион.)

    КАНТАРИОН: Не се надевав на ова од тебе!
    ЛАВАНДУЛА: На кое?
    КАНТАРИОН: Ова парче леб си му го дала на кучето.
    ЛАВАНДУЛА: Тврдо е, од некни.
    КАНТАРИОН: Не е здраво да се јаде тазе леб.
    ЛАВАНДУЛА: (Настрана.) Не е здраво ни ти што си жив.
    КАНТАРИОН: Што рече?
    ЛАВАНДУЛА: Да си ми жив и здрав.
    КАНТАРИОН: Слушај ваму. Одам во Скупи. Ме викаат итно во Сенатот. Немојте да се фрлите во трошење, зашто луѓето се завидливи, ќе почнат да ломотат: „Само што влезе во собранието, почна да лапа и да граба!“ Биди ми добра и затвори ја вратата со трите резиња!
    ЛАВАНДУЛА: Со сите три? Зар не е доволно едното? Она подолгото?
    КАНТАРИОН: Со трите е посигурно.
    ЛАВАНДУЛА: Љубоморен си?
    КАНТАРИОН: На кого љубоморен?
    ЛАВАНДУЛА: Се плашиш некој да не ми цапне во твое отсуство. Јас сум најличната жена во градов!
    КАНТАРИОН: Лична, лична, та прелична!
    ЛАВАНДУЛА: Си мислиш дека ќе ме дочуваш ако ме заклучуваш? Да не сум чесна, би можела да направам нешто најсрамно, а да не ме сетиш!
    КАНТАРИОН: Не мислам јас ти да се вардиш туку






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+