Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Галерија Осврти

Културален национализам

и крос-културен производ


/5
стр. 1
Чидананда Дазгупта

    Филмот на Питер Брук Махабхарата предизвика многу реакции по првото гледање меѓу Индијците, меѓу кои многу беа негативни. Сега, откако филмот ги сврте поголемите градови, можеби е време да му се посвети поголемо внимание. Првото прашање кое се наметнува во контекстот на негативните критики е самата идеја на крос-културната умертност; дали е таа, по својата природа, за отфрлање или во неа има некаква вредност? Јасно, невозможно е луѓе од една култура тотално да разберат некоја друга во изворните значења; сакале или не, индиската публика ќе го разбере јапонскиот филм, а американската публика Катакали изведбата на свој начин. Таквото разбирање, или погрешно разбирање, ако сакате, мора да се случи или одрази во културата на примателите – дури и меѓу најинформираните. Дури и во Индија, еден регион има сериозни проблеми со културните производи на другите. Величествената игра на Нага често предизвикува смеа меѓу публиката од рамнините. Дали е тоа суштествена грешка, недоразбирање или обете? Треба ли културите да бидат херметички запечатени, освен за оние што, по долгогодишен напор, од странци ќе станат домицилни.
    Но може да се тврди и дека еден човечки век не е доволен за да се навлезе во срцето на другата култура; за тоа се потребни генерации. Тогаш, што се случува со креативните енергии создадени од неизбежниот контакт помеѓу културите во светот? Факт е дека тие крос-културни производи се неизбежни и дека не можат да се потпрат на чиј било ќеф, вклучувајќи ги тука и земјите од каде што позајмувањата се направени. Мешањето е, и останува, суштински дел од протекувањето на културите. Ние во Индија на мајчиниот јазик постојано ги адаптираме Западните филмови и драми како во елитниот така и во популарниот театар и кино. Индиската култура денес е производ на мешањата со Персијците, Грците, Шаките, Хуните, Монголците, кавкаските народи, со индуските Долинци, Аријаните, и племињата. Она што е хибрид во еден век, често станува срж на чистината во другиот.
    Уште повеќе, Махабхарата нè враќа назад во времето кога денешната национална држава била непозната. Границите се менувале согласно успехот на честите борби; имало многу позајмувањата и мешања. Да се напаѓа друга кралска територија било исполнување на должност, дел од Kshatradharma. Она што сакаме да го видиме како уникатна традиција денеска, како Хинду пантеонот, е всушност нешто што го имаат Грците и големите делови на Западна Азија. Шива и Дионисиите имаат таинствени сличности, како и Кришна и Ахил; едно од имињата на страшната Сумерска Божица Инана беше Кали; богослужењето на Дурга е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+