Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 29 | година V | ноември-декември, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 29ноември-декември, 2002
Театар Теорија

Културата е телото

/6
стр. 1
Тадаши Сузуки

    Она што сакам да го постигнам со мојот метод е да ја откријам перцептивната физичката сензибилност која што актерите изворно ја поседуваат, пред театарот да им ги наметне различните кодифицирани перформативни стилови, и да ги истакнам нивните природни експресивни способности. Почнав да размислувам за методот кога се обидував да пронајдам начин како да ги истражам разликите во физичката перцепција помеѓу различни луѓе, кои се јавуваат во моменти кога актерите сè уште стојат мирно на сцена, кога реагираат импулсивно, или кога прават некое движење. Сакав да ги обединам тие разлики во нешто што ние луѓето би можеле да го споделиме како нешто заедничко, без оглед на расата и националноста.
    Најпрвин, ми дојде да ја испитам нашата човечка ориентација, во поглед на сензибилитетот или чувствувањето на земјата или подот – привлекувањето кон земјата што долната половина од телото ја чувствува. Извлеков некои основни начини на употреба на телото забележувајќи различни нијанси во чувствувањето, кои потоа ги искористив за формулација на мојот метод.
    Технички кажано, мојот метод се состои од вежби како да се говори силно и со чиста артикулација, како и вежби за целокупниот телесен говор, дури и кога се молчи. На тој начин актерите ќе научат како најдобро да се опстане на сцената. Применувајќи го овој метод, сакам да им овозможам на актерите да ја развијат нивната способност за физичко изразување и да ја подобрат својата концентрација.
    Накратко, овој тренинг е неопходна граматика за материјализација на театарот, онака како што јас го замислувам. Како и да е, пожелно е оваа „граматика“ да се впие во телото како секундарен инстинкт, на ист начин како што говорот е невозможен сè дури сме свесни за граматиката на јазикот. Овие техники треба да се проучат, да се завладеат, сè додека не станат „оперативни хипотези“, така што актерите да можат вистински да се почувствуваат себеси „фикционално“ на сцената. За да можат актерите да ги реализираат сликите што ги замислуваат, мораат да ја развијат барем оваа основна физичка сензибилност.

* * *

    Според мене, „културно“ општество е она во кое перцептивните и експресивните способности на човечкото тело се потполно искористени; каде што тие ги обезбедуваат основните алатки за комуникација. Цивилизираната земја не е секогаш „културно“ општество.
    Настанокот на цивилизациите, исправно, се поврзува со функциите на човечкото тело; тоа би можело да се интерпретира како експанзија на основните функции на човечкото тело или како екстензија на физичките способности – на очите, ушите, јазикот, рацете и нозете. На пример, пронаоѓањето на некои направи, како што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+