Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Поезија

Лицето

Превод од англиски: Македонка Божиновска


/4
стр. 1
Саргон Булус

Овој пат осамен
Лицето
Песна за оној што ќе истрае до крајот на векот
Белешки на еден патник

_______________________________________________________________________

Овој пат осамен

Овој пат осамен го оставија пред мене
Тоа е шума или приказна; леталата слетуваат на покривите
додека селото ги отстранува умрените од чума
во дрвени коли што се тркалаат под превезот
на ноќта. Додека чевларот спие
цврсто, џуџињата се зафаќаат со правење на чевлите.
Пустината цела се протега во моите соништа,
начичкана со опасности и предупредувачки приказни.

Тоа е двојна порака, разделена во различни
правци: еден исчезнува како верверица во
царството на флората во мојата глава, другиот ме чека
како стражар пред мојата врата.

А таму, во ноќната кафеана каде што
емигрантите си ги кријат скршените заби во
ракавите, како капка мастило што патува од ирис
до ирис, пораката конечно ми ја открива тајната;
празната чаша на масата моли за малку вино.
Очите зјапаат во далечината, додека Били Холидеј
пее од сржта на својата црна агонија: ЗА ТЕБЕ
РОБУВАВ…

А Земјата лебди помеѓу планетите.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+