Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 02 | година I | април-мај, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 02април-мај, 1998
Звук Осврти

Музика на промени - Џон Кејџ

/6
стр. 1
Панде Шахов

Некои уметници никогаш во својот творечки пат не се совпаѓаат со „главната струја“. Дури не се ни доближуваат до она што кореспондира со времето и средината каде работат. Естетичарите највеќе сакаат да ги анализираат овие уметници затоа што на прв поглед се шанса за успешно откривање на дефиницијата за уметност или музика за тоа време. Се разбира, тоа што на прв поглед им се чини, ни од далеку не е така. Токму „најподатливите“ за анализи и оценки се најтврд орев. Закачувањето етикети и дефиниции се покажува неблагодарно: уметникот неколкупати ќе ја демантира нивната претходно искажана оценка и ќе ги покоси резултатите на гордите и неприкосновени научници. Што да се прави, тогаш?
    Џон Кејџ, најозборуван, најмногу критикуван, но од некого најпочитуван композитор, воопшто еден од најконтроверзните фигури на музиката во овој век, почина во 1992 година. Музиколозите (оние кои воопшто имаа интерес, љубопитност и издржливост да го следат низ неговиот бурен творечки живот) почекаа неколку години да ги средат впечатоците и сега се подготвуваат за „безбедно“ отворање на досието: „Кејџ“. Сега, кога нема опасност повторно да скршне од својот (привремен) правец, секогаш во нови и неистражени предели. Ми се чини повторно нема да им успее. Можеби е подобро да не се коментира или вреднува: само да се дозволи неговата музика, неговите зборови, она што се крие зад нив или она што се крие во нас, да си го најдат своето место.

Кој е Џон Кејџ?

Роден е во Калифорнија 1912. Како дете учел пијано, програмата се состоела од стандарден репертоар. Мечтаел да стане концертен пијанист. Го напуштил колеџот и заминал за Париз, со размислувања да стане писател, но се воодушевил и од делата на современото сликарство, архитектура и музика. Таму за првпат се обидел да компонира. По враќањето во Лос Ангелес тој работел најразлични и чудни работи: меѓу другото, организирал предавања за модерна уметност наменети на заинтересирани богати домаќинки (пасионирани освојувачи на современата естетика). Почнал да посетува и приватни часови по хармонија и композиција. Во 1935 започнал да учи кај (прославениот) Арнолд Шенберг, „татко“ на модерната музика. Бегајќи од нацистичката диктатура во Германија Шенберг морал да го напушти својот Берлин и местото професор на Берлинската музичка академија. Емигрирал во САД и предавал на Калифорнискиот универзитет во Лос Ангелес (UCLA). Иако Кејџ му се восхитувал на својот професор, тој не го следел во своите композиции. Шенберг врз младиот композитор повеќе делувал инспиративно, отколку што можел да му помогне со своето знаење и искуство. Гледајќи ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+