Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Проза

Времето на козите

извадок од романот


/6
стр. 1
Луан Старова

     Козар маало беше во грч очекувајќи ја смртната пресуда на козите. Улиците останаа пусти, децата тажни, козите се криеја по подрумите. Зацарува стравот, како пред војна. Луѓето прибираа намирници, немаше многу, ама колку да има за црни дни.
     Без козите гладот ни беше сигурен. Кога се дозна дека партијата подготвува специјални мерки против козите, имаше опасност меѓу луѓето да започнат старите, веќе речиси заборавени караници.
     Стравот се всели во сите наши детства. Макар што кај сиромашните семејства травот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нè поразуваше помислата дека некој може да нѝ ги одземе, да ни ги убие козите. Така стравот остануваше долго во соте луѓе што имаа кози. Со денови не ги носевме козите на пасење. Се цедеа од нив и последните капки млеко. Градот бргу опусте, исчезна некогашната бела врева. Започна големото исчекување.
     – Попис, попис, попис! – се огласи едно утро низ Козар маало, низ градот.
     Веста стигна и до нашето семејство.
     – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајши го плеталото крајсебе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга. Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика:
     – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство. Власта мора бргу да го организира.
     Татко ми важеше за мошне информиран човек. Речиси цела ноќ слушаше домашни и странски радио станици, западни и источни. Слушаше понекогаш до утрини кога ја составуваше својата варијанта на вистината. Беше смирен човек, не паѓаше лесно во стапиците на вознесот, на оптимизмот. Беше толку добро информиран, што не можеше никогаш да биде оптимист. Само лошо информираните се оптимисти, често ни велеше. Немаше, освен со Чанга и со домашните со кого да споделува мисли. Тоа како да го надоместуваше со гласовите на радиото. Често гласно ги коментираше значајните вести, небаре влегува во разговор со отсутните говорници.
     Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживеајаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, заШто и кога Ќе имамме право на некој а работа, тешко сите да нѝ поверуваат. А кога


Ова е извадок од:
еКнига




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+