Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Есеи

Дали е бајката лавиринт?

/2
стр. 1
Срѓан В. Тешин

     Во бајките како да не постои една главна приказна и само една споредна, туку постојат повеќе, неброено споредни приказни коишто од главната приказна се разгрануваат на сите страни. Можеби во бајките и главната приказна е само една од споредните, како во лавиринт: вистинскиот пат е оној што води кон излезот а не најширокиот и најпристапниот. Бајката е лавиринт на споредни приказни. Жил Делез, пишувајќи за романот на Луис Керол „Силвија и Бруно“, вели: „таму каде што се испишуваат две напоредни приказни, една главна и една споредна … (тие коегзистираат не како)… една приказна во друга, туку една крај друга“. Делез кај Керол видел две приказни: главна и споредна, а Ирвин Фечер во „Збуновникот на бајките“ не се ограничува на еден конечен број, оставајќи така можност за изнаоѓање на повеќе приказни. Мене ми е поблиска тезата на Фечер. Ако не грешам. Кувер напиша книга за можните завршетоци на бајката „Трнорушка“, наведувајќи десетици можни краеви, различни по сите мерила. И Фечер ја обработувал истата бајка, применувајќи ги на неа постулатите на инаквиот начин на читање.
     Марина Цветаева ја напишала лирската сатира „Ловец на стаорци“ (првпат објавена во 1965 г.), потпирајќи се на легендата за Свирачот од Хамелн. Бајката за свирачот е една од најмрачните кога било напишани (раскажани). Сите ја знаеме таа бајка: Хамелн е преполн со стаорци, доаѓа Свирачот којшто Хамелјаните ќе ги ослободи од напаста а за возврат ја бара ќерката на градоначалникот. Свирејќи на шупелка, тој ги изведува стаорците од градот, но како награда не ја добива раката на ќерката на градоначалникот туку кутија за својата шупелка. Разочаран од Хамелјаните, тој решава да им се одмазди: сите деца од Хамелн ќе ги однесе в смрт така што, како стаорците, ќе ги изнесе од градот со помош на волшебната музика која излегува од неговата волшебна шупелка. Марина Цветаева нуди алтернативна верзија: „Ловец на стаорци“ е истовремено политчка алегорија и комплексен (пред сè – модерен) став за прашањето на мисијата на уметноста и на уметникот којшто мора да биде дезидеологизиран и надморален за воопшто да може да биде акција на чистата уметност. (Се користам со книгата „Ловец на стаорци“ на Марина Цветаева, во превод на Драгиња Радмански. Преведувачката има напишано и поговор кон книгата, со којшто се служев при пишувањето на овој текст.)
     Веќе од овие изводи се гледа дека Цветаева одела по споредниот пат на бајката. Во таквата визија бајката за Свирачот од Хамелн станува и политичка алегорија, но






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+