Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Есеи

Автопортретите на генијот

Албрехт Дирер


/3
стр. 1
Ричард Иванишевиќ

     Германите не важат за космополити, но културата и уметноста на тие контроверзни нордиски народи е космополитска (за среќа!). Дури и оние што тврдеа дека Шопенхауер и Ниче не се одликуваат со космополитизам (а нив, за жал, ги има и денес), увидоа дека се во заблуда. Германските гении – не оние просечни Германи, туку оние кои се на рамниште со Космосот (Хегел, Шпенглер, Хајдегер, Вагнер, Хајне …) – му се посветени на универзумот. А еден меѓу тие што го потврдуваат тоа е и Албрехт Дирер, на кого Германија му беше тесна, па ја посака широчината на светот, за најнакрај да стане светски уметнички космополит, како во личноста, така и во сликарството, во делото, каде што се обезграничуваат вредностите – тоа е спиритуалниот визиум, естетска опција на овој уметник – ликовна енциклопедија, со цртежна ерудиција до перфекција, која ги истражува психите до детали, спиритуалните феномени во нивните апсолутности. Кај него во сè има смисла. Владее со сржта на духовното. Господари со духовноста.
     Моќен и надмоќен, гонет и прогонуван од мистериозните гени на генијот (како и Гете), создава безграничност. А таму нема ограничувања. Само разграничувања, за тоа што е земно, а што – небесно. Границите не постојат. Во космополитскиот пасош му стои: Албрехт Дирер – Важи насекаде – Вреди засекогаш – Трае за вечност!!!
     Но, да се навратиме кон хроничарот од пред неколку века, и да се потсетиме на Нордиските анали, меѓу чии редови и бележења на анонимниот бележник, нејасно и матно, како во полусон, ми се појавуваат ликови на ист лик, што изразува разнообразни образованија и сознанија, светогледи и искуства, од година до година, од возраст до возраст, од автопортрет до автопортрет. Тој лик е ликот на генијот. Истиот оној што ги создал многуте образи што се наоѓаат низ светски знаменитите уметнички зданија и славните уметнички збирки. Духот на неговите дела никогаш не се брише од меморијата. Мисијата му е да биде ликовен Месија. Ми се привидува, понекогаш ми се насетува, и често ме посетува таа мисионерска и месијанска ликовна појава – Албрехт Дирер. Во Нордиските анали (измислени и замислени) има малку приказни.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+