Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Звук Осврти

Интервју со Тони Вега

/2
стр. 1
Васја Ивановски

– Дали ги паметиш своите музички почетоци и како се случи тоа?

Почнав да свирам кога имав 13 години. Свирев рок под влијание на Џими Хендрикс и групи како Лед Цепелин и Блек Сабат.
    
    – Имаше ли некоја музичка традиција во вашата куќа?

Имам постара сестра и постар брат и тие секогаш имаа одлични плочи околу себе, Битлси, Крим, Цепелин и слично. Брат ми свиреше гитара и тој беше моето прво музичко влијание. Сакав да бидам како него. Тој сè уште свири, но е повеќе во хард рок филмот, групата му се вика Сајкик Мафија.
    
    – Кога почувствува дека музиката ќе биде твојата иднина?

Како што реков, набргу откако почнав да свирам гитара на 13 годишна возраст.

– Обично свириш сопствен материјал, дали користиш и работи од старите тексашки блуз мајстори како Лајтнин Хопкинс, Алберт Колинс, Фреди Кинг и други?

Се разбира! Не можеш да бидеш во тексашки блуз бенд, а да не свириш некои од песните од тие мајстори. Јас не би бил во блузот да не беа тие луѓе.
    
    – Дали го паметиш својот прв бенд?

Уште на 13 години кога почнав да свирам гитара, направивме бенд кој се викаше Вега. Учествувавме на школски натпревар и победивме!
    
    – Кои беа твоите најрани музички влијанија?

Битлси, Хендрикс и сите синглови од колекциите на братот и сестра ми.
    
    – Кој влијаеше на твојот начин на свирење?

Кој сè не влијаеше врз мојот стил? Го сакам раниот период на Фебјулоус Тандербердс на Џими Вон, потоа Алберт Колинс. Има толку прекрасни свирачи во Тексас што имав можност да ги видам последниве години, момци како Дерек О’Брајен, Енсон Фандерберг и Алан Хејнс.
    
    – Што се однесува до твојата студиска и сценска опрема, кои се твоите преференци?

Јас сум навистина благословен! Моите фанови, пријатели и подржувачи во Тексас се собраа и ги купија моите гитари, така што можев да ги купам оние што ги посакував! Успеав да набавам оригинален Фендер Стратокастер од 1964 и рачно изработен Релик Стратокастер. Тоа беше најдобар подарок за мојот роденден! Инаку, од засилувачи користам Фендер Вајброкинг, додека во Европа свирам на она што ќе најдам, најчесто нешто од Фендер.
    
    – Какво е твоето мислење за моменталната состојба во блузот и што можеме да очекуваме во годините што се пред нас?

Блузот секогаш ќе биде присутен во оваа или онаа форма, бидејќи има премногу луѓе што го сакаат, како некоја религија, за да дозволат да му се случи нешто. Но, ако помислите што ќе биде откако Б.Б. Кинг и Бади Гај ќе ги нема, тогаш






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+