Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Звук Осврти

Интервју со Мизар

Велат дека сè е отсвирено - ние не веруваме во тоа!


/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Култниот македонски бенд деновиве ќе почне да ги испишува редовите за своето ново откровение. Откровение што нималку не треба да претпоставува инцидентно (многупати заговарано) собирање за да бидат промовирани реизданијата на обата историски носачи на звук што своевремено ги обзнани бендот (Мизар и Свјат Dreams), туку уште една силна заложба за менување на постојната временска звуковна матрица низ активности и изданија што допрва треба да се обистинуваат. Проектот е озаглавен како Раѓањето на Мизар. Зад него стојат поставата со која бендот своевремено навидум замина во легендите и за која долго се мислеше дека и покрај даваните ишарети ќе биде неизводливо некогаш да се собере и луѓето од македонската продукциска куќа Литиум рекордс. Одговорите за новите моменти од сторијата за Мизар ги има најистакнатиот во бендот Горан Таневски.

Жарко Серафимовски (тапани) - индиректно вклучен во голем број културни настани во минатото и денес

* Што претставува всушност проектот Раѓањето на Мизар? Дали се работи за класично реоформување на овој бенд или за нешто повеќе од тоа?
    – Покрај апстиненцијата од македонската музичка сцена во изминатите неколку години, сепак знаевме дека Мизар зад себе остави уште многу недоречени работи. Затоа решивме повторно да ги обединиме нашите креативни енергии во Ѕвездата на надежта – МИЗАР, која своевремено остави трајни белези на македонската музичка сцена.

* Ако некаде пред една деценија и нешто повеќе, не само во рамките на тогашната држава, Мизар беше апсолутно една од најавангардните појави, како и каде звучно се гледате сега?
    – Ако работите ги гледаме од една временска дистанца, не може а да не ги разбираме работите поинаку и убедени сме поквалитетно. Гледано од денешен аспект Мизар афирмираше сосема нови погледи и музички изразувања низ својата музика. Колку и да бевме свесни или, пак, интуитивни, сепак како луѓе од свои дваесетина години, со огромен креативен занес не можевме да согледаме или, пак, да бидеме свесни, колку нашата музика ќе изврши влијание врз понатамошниот развој на музиката, како кај нас така и пошироко. Воопшто ако гледате некој филм на свои 19 години и повторно на свои 30 и кусур, сигурен сум дека филмот ќе го разберете многу покомплетно.
    
    * Може ли да се надгради еднаш веќе дадениот концепт во кој умешно беа преплетени рокенролот, старословенското пеење и изворната македонска традиција?

    – Мизар немаше да биде тоа што е ако не беше сплет на сосема различни карактери. Токму тоа го дефинираше темпераментот на музиката. Тоа за кое некој мислеше дека е неспоиво, ние го споивме (како еден пример ќе го наведеме првото спојување на традиционалните инструменти како






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+