Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 30 | година VI | јануари-февруари, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 30јануари-февруари, 2003
Театар Осврти

Реди Мејд-от и македонскиот театар

врз примери од претставите „Македонска крвава свадба“ и „Македонска приказна“


/4
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

     Македонскиот театар, усвојувајќи ги и развивајќи ги постулатите на постмодернизмот, и во овие скудни времиња покажува необична живост и инвентивност во разигрувањето на театарските елементи, норми и конвенции. Во рамките на претставите постојат смели експериментирања со кои се освежува и онеобичува театарскиот јазик и се воведуваат нови инвентивни изразни решенија. Интердисциплинарноста и интермедијалноста е една од тие поексплицитни одлики на некои понови театарски претстави. Односно во рамките на театарските претстави слободно се мешаат изразни средства кои им припаѓаат на други уметнички дисциплини и кои во претставата влегуваат зачувувајќи си ги своите инхерентни својства, така што се добива едно двојство, создавање на една гранична атмосфера која го онеобичува и збогатува театарскиот чин.
     Пример за таква интердисциплинарност е преземањето на една техника од визуелните уметности, реди мејдот (ready made), а применета во театарот во рамките на музичкиот односно мизансценскиот сегмент, т.е. употребата на реквизитите. Заради потребата од концизност, оваа одлика ќе ја согледаме во рамките на две претстави: „Македонска крвава свадба“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски во изведба на Битолскиот театар, преку музичко-сценското учество на групата Фолтин, и употребата на реквизитата во претставата „Македонска приказна„ во режија на Боњо Лунгов во изведба на Театарот за деца и младинци.
     Реди мејдот е техника карактеристична за визуелните уметности. Таа потекнува од движењето на дадаистите (1913-1918) кога Марсел Дишан го пријавил на конкурс веќе легендарниот писоар под наслов „Фонтана“ како легитимно уметнички дело. Најконцизната дефиниција за реди мејд е дека е тоа предмет од вонуметничко потекло кој е преземен, означен и изложен како уметничко дело со или без интервенции. Главна цел на дадаистичкиот реди мејд била да се згрози високата академска публика. Подоцна реди мејдот континуирано се експлоатира во рамките на авангардните и неоавангардните движења. Постмодернизмот во рамките на својот стилистички арсенал ги вклучува сите историски техники при што ги укинува и ублажува нивните првични контексти. Така е и со употребата на реди мејдот од уметниците за кои во овој текст зборуваме. Нивната цел не е да го згрозат гледачот туку да ја разиграат претставата, да внесат свежина и необичност, со необичната употреба на предметите и нивното парадоксално поврзување да го предизвикаат нашето внимание да укажат на нивната, да ја наречеме, магиска моќ, да делуваат посилно врз нашата перцепција. Веројатно случајно, иако взаемните влијанија не се исклучени, и во двете претстави употребата на реди мејдот е поврзана со материјал од етнолошко потекло кои со одбирот на уметниците е претворен во музички инструмент, во случајот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+