Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Поезија

Авионите со кои летам не се уриваат

Препев од англиски: Лидија Димковска


/5
стр. 1
Мелиса Фондаковски

Sophie B. Hawkins
Кон Лета
Прозорска саксија
Авионите со кои летам не се уриваат
Прво, Пеколот

_______________________________________________________________________

Sophie B. Hawkins

Претворена во уво над огромниот касетофон
го очекувам нејзиниот збор да ме вознесе

да им даде значење на нештата што ги правам
да заблеска поради тебе – Ни помадата

па дури ни маслиновото масло не можат да излечат сè,
тоа постојано плетење и расплетување

на плетенките што ги остави
кога ти ја избрикоа главата

дамо во пантофли (заштитена со закон)
поради тебе се кубам, на телата облека

им се само моливот и каранфилот,
а ти се отелотворуваш дури во моите раце

прелистувајќи ми ги ко книга
кожата, челото, образите.

Нејзината песна со ништо не дава знак
дека таа копнее по девојка.

Всушност, таа го превртува зборот
па морам да ја премотам касетата

за да ја чујам појасно,
а потоа сликам Стапало

Население чиј центар си ти
и – почнав да бројам лижење по лижење.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+