Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Проза

Лош збор

/3
стр. 1
Елизабета Баковска

     „Ох, да си умрам и јас“, загледана во телевизорот, задумана, си офна бабата скоро нечујно. Седеше на каучот во дневната на постариот син, со рацете скрстени во скутот, забрадена со истата црна шамија што ја носеше кога умре дедото, на погребот. Катиљ човек беше дедото, таков си беше, цел живот бабата го слушаше кајшто вика за ова или за она. Едно, две, ќе се развикаше: „Ти си крива, за сè ти си крива.“ Бабата по шеесет години заедно, по војни и гладови, по деца живи и умрени, не го ставаше многу на дикат. Ќе му се искривеше зад грб и внуците се кикотеа, оти гледаа дека бабата не му се плаши, па и тие му го немаа стравот. (Дедото растеше без татко кога беше дете, оти татко му млад умре, како што се умираше тогаш од ништо, од туберколоза, жолтица, слепо црево. Мајка му и сестра му намачени, како аргатки работеа по нивите кај овој и кај оној, за леб, пченкарен, што се правеше како камен за еден ден, па после го правеа попара со вода и со сол, по малку.)
     На масата пред бабата имаше кафе, топло, пресно, слатка реа се креваше од филџанот. Синот го направи и го стави пред неа, еве нема една минута. После од кујната донесе локуми на едно чинивче, за сите да се почестат. „Ајде земи, не ме гледај, да не се срамиш?“, ѝ подвикна тој и пак влезе во кујната да направи уште една тура кафе, сега за другите што пиеја горко. (Синот со години одеше по светот, од еден до друг град. Разгледници од Индонезија, Америка, Русија. Една година донесе радио што после секогаш го слушаа во сабота и во недела, дедото кога имаше фудбал,  бабата кога пееше Васка. По петнаесет години по светот, синот се врати дома и си најде жена од соседната улица).
     Снаата на другата маса листаше некои хартии, документи, сметки. Чукаше по дигитронот и запишуваше некакви бројки. Ја крена главата и ја погледна како седи уште мирна и без збор. „Земи кафе! Да не си гладна?“,  „Сполај ти, не сум. Јадена сум.“ Рече бабата и подаде рака по кафето. Раката малку ѝ се стресе, па ја подаде и другата за убаво да го фати чинивчето под филџанот. Гласно го шмркна кајмакот и воздивна откако кафето ѝ се лизна во грлото. Снаата се поднасмеа. (Снаата по некој месец ослабе десет кила, од жал, како што самата велеше, додека секој ден


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+