Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Проза

Се завртев накај ѕидот и продолжив да спијам

(Леонцибитаљио)


/5
стр. 1
Михајло Пантиќ

Затоа што соништата немаат власт над човекот кој и вистинските случки, кога сака,
     ги заборава лесно и брзо, а соништата воопшто и не ги помни
.
    Иво Андриќ

Имаше посилни раце од мене…
    Влада Дивљан

     Жена ми, за разлика од мене, ги помни соништата. А соништата се подлабоки. Кога имала тринаесет години, насоне ѝ се јавил некој средовечен човек ликум на сегашниот мене и ѝ рекол: ќе се омажиш за оној кому ќе му ја собориш раката. И само што непознатиот ѝ го рекол тоа, таа се разбудила и решила, еднаш засекогаш, со проѕирен ум, небаре до пред малку и не спиела, дека така и ќе биде. Знаела што треба да прави, таа, тринаесетгодишна момичка, сè уште рамна како штица. Ги стокмила во врзопче, како во приказната, малкуте парталчиња што ги имала, се простила со изненадените родители и заминала во друг град. Мајка ѝ на разделбата ѝ рекла никогаш повеќе да не спие со затворена уста, да не би случајно да однегува птица во себе, и таа го примила и тој наук.
     За несреќа, градот каде што втасала не бил нејзин. Го сфатила тоа веднаш, наредната недела по пристигнувањето, само што влегла во својот нов училиштен клас. Не е важно, ама сепак да споменеме, имала расчешана краста на коленото и чевли од постариот брат на нозете. Децата на училиште ѝ се смееле, зашто зборувала малку низ нос и ретко кој ја разбирал, освен некој налудничав професор кој се обидел да ја заведе, фалејќи ѝ се дека умее да чита наназад, потечно отколку одлево надесно, премалку за една тринаесетгодишничка навикната да ги помни соништата, онака, сами од себе. Сепак, таму некако успева да ги заврши двата последни класа на основното училиште, севезден ропотејќи, и потоа преминува кај некоја подалечна тетка во уште поголем град, има ли воопшто потреба да му го спомнувам името. Кусо време, месец или два, за време на летниот распуст, работела во продавница за обувки, за да собере пари за нови чевли (оние од брата ѝ веќе биле распаднати) и сега би можел да се заколнам дека тогаш ја видов прв пат, онака бегум, поминувајќи покрај излогот, јас, момчакот со помалку години отколку прсти на рацете и нозете, ама, беше тоа одамна, во минатиот век и сепак не сум толку сигурен. Па дури тогаш и да не беше таа (веројатно и не беше, а можеби и беше), сепак можам да замислам како ги пакува кутиите со обувки втренчено гледајќи ги






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+