Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Есеи

За двете последици од епистемолошката револуција

и за уште една нивна последица


/5
стр. 1
Силвана Димитровска

     Во 1962 г. професорот по философија и историја на науката на Институтот за Технологија (Масачусетс), Томас С. Кун, ја објави книгата The Structure of Scientific Revolutions, која предизвика неверојатно бројни коментари, полемики, реакции од стручен и дилетантски тип, па дури и отвори можности за нова периодизација на епистемолошката наука. Авторот стана основач или иницијатор за “new philosophy of science” (Дадли Шејпр), или за “new image” на науката (Јан Хекинг), или за нова методолошка парадигма. Без сомнение, во редот „востаници“ можат да се вбројат и други величини какви што се Тулмин, Лаудан, Фаерабенд, Лакатош, а пред нив и Александар Коаре, кои се бунтуваат против пертинентноста на науката, сциентолатријата и инволвираноста на науките (посебно природните), како последен и одлучувачки арбитер во сите сфери на „модерниот“ живот. Исто така, без сомнение, и нивните жалби се претвораат во тесно стручни аргументирани елаборации. Но, на Кун му го доделуваат местото на „војводата“, затоа што на експлицитно радикален начин ја формулира потребата од gestalt смена на старата методолошка парадигма. За оваа, имено, се оценува дека се наоѓа во состојба на растечка криза, а тоа значи дека нејзините можности се веќе исцрпени, од каде што потребата по нов пристап се појавува со неизбежна неопходност, особено ако се земат предвид деструирачките и контаминирачките реперкусии од тврдоглавото опстојување на истрошената парадигма врз поширокиот медиум (забележливо поширок од тесните рамки на „научната заедница“).
     Старата слика е аисторична, констатира тој, и таква, која ја употребува историјата на науката само за да обезбеди егземпларни логички поенти, произведувајќи на тој начин анахронизми, кои добро „функционираат“ како помали или поголеми апроксимации во замислениот ортолинеарен прогрес на знаењето во целина. Фундаменталниот исчекор од неа е настојувањето да се претстави знаењето како вткаено во мрежата историски субјекти, обременето со целокупниот товар на културната констелација. Кун, имено, регистрира смена во очекувањата, кои ги негуваат новите историчари на науката: тие, in flagranti, поставуваат прашања во нова димензија. „Не барајќи од историјата на науката трајни придонеси за нашата сегашна позиција, тие се обидуваат да го покажат историскиот интегритет на таа наука во нејзиното сопствено време“. (Kun, T.S.: Structura naucnih revolucija, Nolit, Beograd, 1974, str. 42)
     Некои од поважните ставови кон науката, кои произлегоа од историографските испитувања врз поединечни научни епизоди од минатото, а кои наедно се релевантни за ова пишување се концентрирани во зборови од типот: парадигма, инкомензурабилност, инкумулативност. Со првото се тврди дека беспредрасудно знаење (во најпозитивната замислива смисла на зборот „предрасуда“) е наивен рационалистички идеал, затоа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+