Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Есеи

Виртуозитетот на вистината

/7
стр. 1
Јорданчо Секуловски

     Дали кога слушам прекрасна мелодија отсвирена на пијано и доживувам дека вечноста постои само за мене, треба да верувам дека тоа е навистина така? Во кој мит да поверувам, во оној за Исус, Мухамед, Буда, Јехова, или пак во оној за Арнолд Шварценатор, Саи Баба, или суперхероите на Марвел комикс? Можеби треба да поверувам во тврдењето: „Исус беше црнец“, или пак во тврдењето кое вели дека „човекот“ потекнува од некоја друга планета?
     Можам и сам да претпоставам, на пример, дека верникот, маж, всушност во Бог го гледа човекот со идеалниот фалус, поточно мажот без фалус, или идеалниот маж? Или, пак, дека жената верник во Бог гледа потврда за идеалната природа на суштеството кое нема фалус, или идеалната жена?“[1]
     Во што од сево ова да поверувам? Дали во моите претпоставки да ја барам вистината, или пак во тврдењата на другите?
     Да претпоставам дека: „верувам во сè и им верувам на сите!“[2] Но, зошто би го сторил тоа? Зар е возможно? Зарем не ми грижа за вистината? Јас не сум против никој, јас на сите ним им верувам, а зошто пак да не им верувам на сите, зошто едните да бидат во право, а останатите во заблуда? Зар да поверувам дека едните се во право и дека правото на вистината го црпат од некои виши инстанци? А такви виши инстанци колку сакаш, човекот ги измислува, ох, се извинувам, ги пронаоѓа на секој чекор. Сепак, најубавото од сè е дека вишата инстанца на сите кои ја застапуваат им дава ексклузивно право да посегаат по вистината и да ја направат достапна за сите оние кои можеби сепак не ги интересира она што тие имаат да го кажат.
     Да не случајно едниве имаат супериорна природа и се предестинирани да ја осознаат вистината, а другиве се инфериорни по природа и запаѓаат во заблуди? Какви се тие митови за супериорност и инфериорност, или предестинација, фатализам, императиви, принципи, супстанции, суштини или за некои кои се избрани во однос на некои кои се заборавени или запоставени? Како тоа едните се во право, а останатите не се? Кому да му поверувам и според кој референтен систем да покажам/докажам дека токму тој, избраниот дискурс, ја изразува вистината, а сите останати се лажни преданија?
     Сите, всушност, си раскажуваме една приказна со која се обидуваме да се себеопишеме, да го најдеме своето место во бескрајното пространство наречено свет каде всушност сме толку мали и безначајни што исто како и да не постоиме

_____________________________________

1. Овде станува збор за релативизирање на дискурсите кога тие ќе се промислат низ други перспективи, како во случајов на пример преку некаква родова или постколонијална критика на религијата или преку некаква субкултурна критика.
2. Значи, да појаснам, овде не станува збор за тоа дека верувам во легитимноста и оправданоста на поставките и програмите внатре дискурсите кои произведуваат одредени пракси на живеење и однесување, како и политички ефекти на насилие. Ниту пак дека треба дискурсите a priori да се сметаат за легитимни и оправдани сè додека не се докаже спротивното. Говорам за тоа дека не постои референтна точка или критериум на проценка, освен, како што ќе се обидам да покажам во овој текст, во една „прагматистичка“ рамка на промислување на социјалниот хабитус каде насилието е единствениот критериум дали нешто е плаузибилно или не како дискурс на одредена општествена пракса.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+