Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Критика

Комуникативниот статус на „романот - пајажина“

Гоце Смилевски, Разговор со Спиноза, Дијалог, Скопје, 2002 г. награда „Роман на годината“ на Утрински весник


/7
стр. 1
Звонко Танески

     Гоце Смилевски е претставник на најмладата генерација македонски романсиери. Тој е автор кој претставува исклучително освежување во македонската литература. Со својот роман Разговор со Спиноза, Смилевски, полека но сигурно, се етаблира во едно од идните водечки имиња во македонската романсиерска мапа. Затоа, не без повод и не без причина, македонската критичка мисла, досега, го нарече овој роман „нешто друго, нешто поразлично“. Оквалификуван како „роман со извори од сферата на идеите“ и како „роман – интелектуална биографија на осамениот човек“, ова најново книжевно остварување на Гоце Смилевски отвора можност, меѓу другото, за некои, во нашиов случај, незадолжителни читателски „идејни“ толкувања кои ќе ги доведат во преден план идејата за ткаењето (првично, нашиот поттик за тоа се базира врз самата поставка што романот е титулиран, и тоа од самиот автор, како „роман-пајажина“) и врз идејата за „дијалошката форма“, како и за нејзините проекции и резултати во неговата наративна структурна схема. Тоа, се надеваме, ќе ги допре клучните поенти што го прават овој роман подруг и поразличен.

а. Идејата за ткаењето: поглед низ пајажината

     На почетокот од елаборацијата на оваа необична идеја ќе го напоменеме, како предупредување, ставот од кој ќе започнеме со толкувањето, а тоа е дека за појдовна точка при разработката ќе ни послужи симболиката на ткаењето мрежа (онаа што ја плете пајакот, воопшто, и онаа низ која авторот нè води низ текстот). При ова второ разгледување, текстот го сфаќаме симболично низ призмата на латинскиот термин кој, впрочем, му е и негов етимолошки зачетник: textus = ткаење; односно, попрецизно, textura = ткаење што го означува начинот на кој нишките се испреплетени во „ткаенината“ – текстот. Тој начин, секако, ги одредува изгледот и опипливоста на „ткаенината“ – текстот, кој е носител на уметничките ефекти.
     Затоа, авторот, уште на самиот почеток од романот-пајажина ќе даде до знаење: „Нишките на овој роман се исткаени од разговорот меѓу Тебе и Спиноза“. Тоа директно посочува дека, симболички сфатено, авторот ја плете својата мрежа онака како што пајакот ги расфрла своите нишки, ја плете така што почнува од „центарот“ (со првата нишка што, како основа, се зема за завршниот дел – Центарот на пајажината) и завршува со него. Целта на неговото ткаење се разрешува, значи, во точката од која веќе нема ништо натаму: центарот (кој, во нашиов случај, ја загатнува смртта на Спиноза).
     Прашањето кое нас нè заинтригира е како пајаковото ткаење мрежа совршено се вклопува, односно се проектира, како во огледало, со авторското ткаење на текстот.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+