Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Критика

Блаже Конески како текстовен преведувач и заведувач

/8
стр. 1
Жарко Кујунџиски

     Група теоретичари, филозофи и лингвисти, базирајќи се врз учењето на Вилхелм Хуболт дека јазикот е израз на народниот дух и дека, воздејствувајќи и самиот врз процесот на мислење ги објективизира оние длабоки и суштествени разлики што се присутни во духовниот свет на одделните народи, застапуваат теорија дека преводот во принцип е невозможна работа. Навистина, ако се инсистира едно книжевно дело наполно адекватно, „невино“, да влезе во друго јазично руво, очевидно е дека станува збор за неостварливо барање. Преводот не е механички чин, преводот не подразбира само збир правила, туку тој во себе крие една моќна творечка проникнатост и само како креативност, со-творештво ќе го разгледуваме натаму. Сепак, ние не ја поддржуваме крајната теза за „подобрувачките“ преводи пласирана од, на пример, чешкиот теоретичар на преведувањето, Јиржи Леви.
     Валтер Бенјамин во текстот од 1923 год., „Задачата на преведувачот“ ќе каже: „Преводот, наместо да биде сличен на смислата на оригиналот, напротив, мора во сопствениот јазик, со љубов и до детаљ, да го вгради начинот на мислење на оригиналот, на тој начин правејќи ги обата, и оригиналот и преводот, препознатливи“.
     Не треба да го изгубиме од вид и она што го вели Жорж Мунен, францускиот теоретичар на преводот и лингвист од светско реноме: „Ниедна теорија на преведувањето не може да му даде талент на преведувачот. Таа може само да го научи да ја анализира егзактната лингвистичка природа на тешкотиите што ги среќава во лексиката, синтаксата, стилот“ („Теоријата на преводот овозможува појасно согледување на проблемите“ ин: „Огледало“, број 74-75, стр.4).
     Името на Блаже Конески е на различни начини поврзано со преведувањето. Тој не само што работи врз конкретни текстови, што е и главен интерес на овој текст, туку во неколку наврати се јавува и како теоретски промислувач на таа дејност[1]. Покрај тоа, значаен дел од неговата поетска оставнина е препеан на голем број светски јазици, што претставува еден од начините на меѓукултурна средба. „Преводот е една од инстанците преку која се остварува интерлитерарниот комуникациски чин на македонската со другите литератури и прв знак на излегување од полуанонимноста и од тесните национални рамки“ (Лидија Капушевска-Дракулевска, Поетика на несознајното, стр. 114).
     Некаде во 1948 год., Блаже Конески ќе констатира дека „нашиот јазик се кове најмногу во ковачницата на преведувањето“. Оттука, јасно произлегува дека преведувањето не може да го разгледуваме самостојно, туку дека тоа е во тесна врска со прашањето за јазикот.
     Веднаш по Втората светска војна и по кодификацијата на македонскиот јазик и азбуката, нашиот литературен

_____________________________________

1. „За поетскиот превод“, „Коментар кон преводот на поемата на Лазар Поп Трајков“, поранешни непрепечатувани статии, осврти на некои од првите преводи на литературни текстови на македонски, објавувани во „Нов ден“…






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+