Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Звук Осврти

Тони Китановски Трио во „Универзална сала“

Концерт на бенд кому му се тесни балканските меѓи


/1
стр. 1
Љупчо Јолевски

Џез-гитаристот и неговите сегашни соработници Александар Секуловски и Оливер Јосифовски, со инспиративна поткрепа од гостите Васил Хаџиманов и Сашо Серафимов, се потврдија како виртуозен состав

     Со ореол на еден од ретките македонски музичари во светот на џезот и со кредит на човек кој наобразбата ја стекнал на славниот колеџ во Беркли, Бостон – САД, Тони Китановски, во петокот на 21 февруари, не успеа да ја наполни „Универзалната сала“ во Скопје. Сепак, благодарение на солидната медиумска покриеност, концертот дојдоа да го проследат вистинските љубители на џезот во државава, што ќе рече дека ги имаше исто толку колку на настапите на некое легендарно име (Сесил Тејлор, на пример) на некоја од вечерите на „Скопскиот џез-фестивал“. Значи, сосема доволно за подгревање на атмосферата во ледената сала (?!).
     А, во такви услови, Китановски и соработниците покажаа дека можат да се издигнат над реалноста и да понудат концерт за кој ќе се прикажува. Имено, на сцената се потврди дека гитаристот (автор, аранжер…) во Александар Секуловски и Оливер Јосифовски (поранешни членови на „Фолтин“), ги нашол музичарите со кои плови во една поинаква, многу посветла и поразиграна звуковна димензија каде што слободата во потрагата со ништо не е условена. И, кога во целата таа меѓуигра со инструментите ќе се придружат музичари како пијанистот Васил Хаџиманов (стариот пријател од Беркли и лидер на сопствен состав во Белград) и Сашо Серафимов (познавачите велат најталентираниот млад македонски саксофонист), станува јасно дека слушате бенд кому не само што му се тесни балканските меѓи, туку и бенд што може да се носи со многу позвучните во Европа и светот.
     И, што е поважно, Китановски и бандата понудија навидум шаренолика (во која имаше добар грув, балада, реге, нека биде и етно-елементи…) и неверојатно комуникативна програма, заради насловите на темите („Идриз Мухамед“, „Орнет Колмен“…) дури еден вид омаж на славните имиња од џезот, но и програма натопена со топли тонови и звуци што ве тераат еднодушно да го прифатите концептот каде што џезот е најмалку академска, а многу повеќе слободна форма која ќе ве натера да танцувате. Ова особено се однесува на композицијата „Ед Блеквел“, која патем, благодарение и на умниот рекламен видеозапис што малку се заврти во етерот, дефинитивно станува полнокрвен хит во кој има многу, многу, музика и заразен ритам. А, тоа, ќе мора да се признае, кога веќе станува збор за џезот, не е мала работа.


    звучни записи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+