Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Театар Теорија

„Шума“ како Архив

Роберт Вилсон и Интеркултурализмот


/6
стр. 1
Бони Маранка

Природна селекција

     „Еден ден ги открив навиките на бодликавото прасе“, така Чарлс Дарвин запишал во својот дневник, патувајќи по светот на Бигл. Неговите чудни задоволства, Мајката на Гилгамеш ги поврзува во монолог, кој ѝ претходи на лекцијата за потребата од воздух, од Жан-Анри Фабре. Во збирката текстови и слики „Шума“, кои инаку немаат причина да бидат заедно, споени во иста поставка, и да преминуваат од сопствена во туѓа територија, Дарвиновата теорија за природна селекција добива игриви театрални алузии. (Театарската продукција е секогаш репродукција). Балерина шета јастог, огромна просторија целата исполнета со шума. Дури и месечината се спушта на земјата. Низ вековите, зборовите лингвистички се менуваат. Без напор, сите животни форми постојат заедно: во пустината, во градот, во шумата, по имотите, под древниот или индустриски небесен свод. Приспособувањето е камен-темелник на природната селекција.
     Овој театар е еден од среќните хибриди. Овде потеклото на видовите повеќе не е спорно, жанрот ја следи можноста, а не принципот. Наративното го населуваат и животинската и човечката метаморфоза – рептилите, птиците, рибите, луѓето и камењата. Зборовите се еден вид талози. Во ваквото ново театарско просветлување, како алтернативен поглед на културата, природната историја ја дели сцената со човечката. Естетиката е гранка на природните науки.
     Театарска екологија: Вилсон одбраните текстови и слики од колективното наследство ги сместува во различни средини, потоа ја документира (режира) нивната адаптибилност. Годишните времиња се чувствителни. Неговиот театар има биолошка перспектива. Претставата е организам, а неговите спојки се наречени „игри на колената“. Нераздвојните мисла, природа и уметност го сочинуваат телото на структурата.
     Она што веќе постои, замислено е во извонредни пејзажи: гуштер, воин, морско суштество, гавран, човек од ренесансата, дете кое што се вика Берлин. Ох, чудесна занесеност. Од надреализмот па наваму, немаше нова визуелна етнографија.

Историја / меморија

     Вилсон не ја третира историјата како тело на факти, туку како пејзаж на искуства. Антологија на слики, на текстови: знаење како база на податоци. Мени. Храна за мислата. (Во работата секогаш има трпеза).
     Неговиот театар не ја прави историјата, туку нејзината друга, поетична страна – меморијата. Тој се задржува во митот, во просторот помеѓу литературата и историјата. Патот до неговата енциклопедија е интуицијата и мора да се биде внимателен како ангел во библиотека. Вилсон, со неговото истражување на слики од соништата на културите, прави големо поместување, додавајќи му нов хронотоп на театарот: архивистичкиот.
     (Заедничката игра помеѓу историјата и меморијата, предлага начин за разгледување на таинствената соработка помеѓу Роберт Вилсон и Хајнер Милер, помеѓу мистикот и материјалистот.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+