Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Театар Теорија

Интеркултурализмот и иконофилијата во Новиот Театар

/7
стр. 1
Анджеј Вирт

     Се чини дека за прв пат во човечката историја ја имаме можноста за глобално културално разбирање. Воздушниот сообраќај и медиумски создадената импресија дека сите ние сме жители на глобалното село, само го зацврстуваат ова убедување. Дали кога театарот е во прашање, ваквото убедување е точно? Или, ако зборуваме со терминологијата на Виктор Тарнер, дали сме сведоци на „новата транскултурална синтеза на комуникациите преку претставата“?
     Современата естетика на претставување се колеба помеѓу театарот и перформансот. Развојот оди во правец кон помалку театар, а кон повеќе перформанс. Ова зајакнување на перформативниот елемент се јавува за сметка на намалените миметички, драмски и наративни елементи. Литерарниот театар (изведен од вербалниот текст) и живиот перформанс (на „испишаната“ сцена како танц, песна, скулптура итн.) во моментов постојат како измешана форма. За да можеме да одговориме на главното прашање за улогата на транскултуралната комуникација во новиот театар, можеби најдобро би било ако продолжиме аналитички и ако се ограничиме на неколку парадигми. Парадигмите кои што ги одбрав се Роберт Вилсон и полската тетарска група (сега во егзил) Театар на Осмиот Ден (Театр Осмего Дниа), и како показатели за компаративна референца Ариан(а) Мнушкин(а), Питер Брук и Еуџенио Барба.
     За интеркултурализмот на Роберт Вилсон може да се зборува од повеке аспекти, како естетика на продукција и ре-продукција, естетика на перформанс и рецепција на театарот. Ова не се однесува само на очигледните примери како што е мулти-националниот проект „Граѓански Војни“ (“CIVIL WarS”, од 1982 понатаму), туку подеднакво се однесува и на различните аспекти во повеќето негови дела од самиот почеток. (Црн изведувач – Шерил Сатон; Фројд, Сталин како сценски фигури; Шираз како локација за проектот „Планината Ка и Рамнината Гарденија“, (“KA Mountain and GUARDenia Terrace”), итн. – или периодот од 1969-1972).
     Во однос на неговото дело, Вилсоновиот интеркултурализам мора да се разгледува во контекст на географската распространетост на неговите проекти. Американец, кој со иста леснотија работи како во Њујорк, Бостон, Кембриџ, Масачусетс, Минеаполис, Вашингтон, Лос Анџелес, така и во Амстердам, Шираз, Париз, Авињон, Лион, Копенхаген, Ротердам, Берлин, Келн, Минхен, Штудгард, Хамбург, Франкфурт, Милано, Рим, Токио.
     Западна Германија, со своите богато помогнати државни и градски театри, од 1979-тата стана оперативна база за Вилсон. Тој не се претвори во германски режисер, но, сепак е еден од најголемите режисери кои работеа за германскиот театар во последната декада. Тој навистина воспостави нов интеркултурален модел во театарската работа. За разлика од Питер Брук, Англичанец, кој работи во Париз со интернационална екипа на собрани актери, Вилсон






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+