Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 31 | година VI | март-април, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 31март-април, 2003
Театар Осврти

Драматургијата на Дејан Дуковски

Кон драмите: „Буре барут“, „М.М.Е. кој прв почна“ и „Балканот не е мртов“


/3
стр. 1
Емилија Матаничкова

    Дејан Дуковски е едно од водечките имиња во македонската современа, постмодерна драма/драматургија. Особено со неговите драми Балканот не е мртов или магија Еделвајс (1992), Буре барут (1994) и Маме му ебам кој прв почна (1996), тој не само што се стекна со реноме на виртуозен драматуршки мајстор кај нас, на Балканот, ами сè поголем е бројот на театарски постановки во врвни светски театри. Неговата техника и елементите што ги користи, впишаната режисерска визуелизација, рамката од постмодернистичка флуидност… се сè поголема опсесија и на светското филмско платно. Многу се аспектите низ кои може да се про/толкуваат нештата во драмите на Дуковски. Тоа (ќе) треба допрва, во големи зафати (и) теориски да се дешифрира. Овој текст е една од многуте можности, и обид да се посочат аспектите кои засекуваат во драматургијата на Дуковски.

Тематско-мотивски разгранувања:

    Кога се удираат шлаканици, кога ти пукнува перде, па иде сè у п.м, па се силува и убива, па се станува параноик; кога се бара љубов, љубов кога ептен е потребна, се нуди реткиот цвет еделвајс; кога се дава аманет од севда, или пишман; љубови неостварени, од типови лузери и маргиналци, урбани и заебани, фрустрирани фаци; Балкан и колективни трагедии; апсурди; примати, мачоистички типови, хомосексуалци; препотентни лудаци;… – повеќеслојно.

Како Дуковски го прави тоа?

    Балканот не е мртов е компилиран преку отворената, покажана постапка на ре/де/конструкција, како и со ресемантизација на историските рабоќе во „Македонска крвава свадба“ на В.Чернодрински. Овој палимсест, обвиткан со еделвајс (позиција на почеток и крај) Дуковски го проширува со други сцени, ликови, нивни раз/врски; на пример ги има Кемал Ататурк и Елени Каринте; или пак двојниот избор на Цвета и за Спасе и за Осман-бег што иницира хумана разврска, помирување и пред сè упатува на интер/културален контекст и своевидно редефинирање на идентитетот и кинење на традиционалните стеги. Ваквиот настан „фукнционира многу слично со ритуалите на преминување“ (Лихте), овде, преку чинот на венчавање на Цвета и Осман; а, имплицитно, крајната реплика на Цвета е: „Умрев ама…“ без стоичкото непотурчување. Исто и турцизмите, влашкиот акцент, француските зборови, одат во прилог на ова. За деконструкцијата што се прави врз субјектот, Ивековиќ дава приоритет на фрагментацијата на субјектот, којшто се дроби, се размножува: Цвета – љубовта на Спасе, Цвета – Антигона, Цвета – Флора, итн. Дуковски беспрекорно знае како да употреби елементи од комедија дел арте (односот на Расим и Осман), од „Чекајќи го Годо“ (во Смисла од М.М.Е…), од Хамлет (духот на Спасе во Балканот... во Вера од М.М.Е....






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+