Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Поезија

Смена на ноќната стража

Избор и превод од бугарски: Бранко Цветкоски


/4
стр. 1
Георги Рупчев

Охрид
Мртва природа
Привлекување
Смена на ноќната стража

_______________________________________________________________________

Охрид

Летото одѕвонуваше со бавни лилави камбани –
звук до звук од невидливи цркви
и врвевме низ долгиот град испотени, замаени,
ниту живи, ниту мртви.

Бевме гладни, по прашната улица страшно татнеше
предвечерниот воздух, зазбивтан од тебе,
и запревме на мостот и право наспроти нас
се задаваше бавен погреб.

Тие се точеа со празни лица, свиткани во трескава жега,
преминуваа и потем исчезнуваа тивко во свиокот
и останувавме ние, и дишевме суво и стегнато,
непознати одново.

А небото растураше точни железни удари
над нас, над нашите евтини ереси
и стоевме збркани таму, уморени од чудото,
со недоверба во него и во себеси.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+