Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Поезија

Утринска служба

Превод од англиски: Македонка Божиновска


/6
стр. 1
Луис Глук

Утринска служба
Снег
Фантазија
Отстапнички ветар
Рана темница
Прво сеќавање

_______________________________________________________________________

Утринска служба

Сакаш да знаеш како го минувам времето?
Го изодувам предниот тревник, преправајќи се дека
плевам. Треба да знаеш оти
никогаш не плевам клекната на колена, корнам
купчиња детелина од цветните леи: всушност
барам храброст, барам доказ дека
животот ќе ми се смени, иако
за тоа треба цела вечност, да се проверува
дали секое стракче го има симболичното
ливче, а летото наскоро привршува, веќе
лисјата премираат, секогаш болните дрвја
се први, смртта добива
блескавожолта боја, а неколку темни птици изведуваат
свој музички полициски час. Сакате да ми ги видите рацете?
Празни се сега како при првата белешка.
Можеби суштината беше секогаш
да се продолжи без знак?






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+