Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Проза

Победата на ханот

/4
стр. 1
Петар Костов

     Историските факти за настанот се мешаат со она што го кажува степскиот ветер кога дува преку бескрајната татарска степа; се разбира тој е друго име за легендата, синоним. Така, легендата го враќа настанот два-три века поназад, за разлика од историјата. За волја на вистината и историските факти се недоволно сигурни, пред сè поради многуте векови изминати оттогаш. Меѓутоа, како главни актери на настанот секогаш се споменуваат следниве личности: стариот хан – Куџај хан, младиот хан Чибу хан, убавата Причу – најмладата и најсакана жена на стариот хан и уште безимениот поет. Но некои поединости и за актерите не се совпаѓаат. Така, негде се споменуваат дека Куџај хан бил мошне стар, а негде дека тој бил на мошне зрела возраст. Па се кажува дека тој бил убав Татарин, но и спротивно – дека бил грд, дури и куц. Затоа, пак, за Чибу хан сегде се кажува или наведува дека бил убав и навистина млад, дури мошне млад, дека „под носот црната мов штотуку почнала да му се засукува, згуснува, станувајќи црна како неговите очи“. За убавата Причу несовпаѓањата се однесуваат на бојата на нејзините очи; тие се споменуваат или како „зелени слични на тревата во степата на пролет“ или „сини како небото над степата на утро во лето“. Но без разлика во сите кажувања, или записи таа е многу, многу млада и несомнено најубава во целата татарска степа. И, најпосле, пак што се однесува за двајцата ханови се среќава и следново несовпаѓање: тие се споменуваат час како браќа, час како полубраќа. А уште и ова: додека поетот некогаш е само поет, другпат е и пејач и свирач, дури уште и шут, кловн или паљачо; ама секогаш е безимен… Но овие, и некои други разлики, сврзани со времето на случувањето на настанот, или во врска со неговите актери се разбирливи, затоа што малкуте записи од тоа далечно време се од различни запишувачи и од разни дистанци, а легендата исткаена од степскиот ветер е како и него – непостојана.
     БОЈОТ. На настанот му претходеше битката меѓу стариот и младиот хан. Таа почна уште пред самата мугра – време доволно темно да не бидеш забележан од непријателот, а доволно прозрачно непријателот да може да се види и уништи. А времето, беше есенско, беше време среде есен поточно. А бидејќи напаѓачи беа војници на Чибу хан, тие и го почнаа бојот, откако претходно цела ноќ во забрзан од незабележани се беа доближиле до логорот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+