Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Проза

Сè што ти треба

/13
стр. 1
Ричард Гофрeн

     Рекоа дека црна фолија ќе заврши работа. Дека ќе изгледа како цврст ѕид пред нив и дека ќе се искачат по рампата во камионот. Па така ние – моите синови, ќерка ми и нејзиното момче Рик, држевме една ролна фолија што ми останала од пролетва, кога ги покривав доматите. Ја раширивме пред нас до брадите, се наредивме во круг, и полека опколувавме една женка. Полека, споро, само со шепот. Беше исплашена, па се влечкаше од една на друга страна како џиновски рак, или потскокнуваше на предните нозе како некоја коза. Да знаеш само колку нерви ни требаа да ја држиме фолијата.
     Не се затрча да се качи по рампата. Изгубив надеж дека ќе ни успее. Ама не бев подготвен за тоа како идејата ќе ни пропадне. Помислив дека само ќе притиска на ѕидот од фолија сè додека еден од нас не попушти и не ѝ се тргне од патот. Не очекував дека ќе ја слушнам кајшто грофта два-три пати, а потоа скока преку главата на Џони како некое елениште. Токму така стори, ми се чини, кога ја притиснавме во некој безизлез. Сигурно дека го избра оној дел од ѕидот што го држеше најнискиот од нас. Се истегна и некако прелета над Џони, иако задните нозе не ѝ беа толку истегнати како на елен, сè уште беа некако искривени, и изгледаше дека едното копито скоро ја тресна Џони по главата. Ќерка ми гласно писна, а тогаш младото буфало се спушти од другата страна на ѕидот со грофтање, и потоа ѝ го слушнавме брзото и римично тропање на копитата. Ја фрливме фолијата и ја гледавме затрчана кон оградата кајшто ја чекаа другите две, па потоа трите едно по едно ја прескокнаа оградата, како да се чекаа, и изгледаа исклучително задоволни. Како да си подигруваа со нас.
     – Па, изгледа ова не успеа, – Син ми Крис прозборе прв, онака попатно и иронично, како секогаш. – Што ќе пробаме сега?
     – Срцето ме фати! – рече Џони. Почна да се смее, потоа како да се стресе и ја наведна главата.
     – Ќе се стемни, – реков. – Утре ќе пробаме пак. До тогаш ќе смислиме нешто друго. – Но уште една ноќ не ме радуваше многу.
     Цел ден се мачевме да ја опколиме таа една женка. Прво глупаво ја донесовме одвитканата фолија на пасиштето на Шумахер, мислевме дека можеме да одделиме една од трите, да ја заробиме во црниот ѕид дури не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+