Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Есеи

Прослава на невозможното

Сведоштва и визии во мојата арс поетика


/5
стр. 1
Алеш Дебељак

     Јас, мене и себеси: бескрајната тежина и повременото задоволство од сосредоточувањето врз себе во поетските искази е транс-историско наследство од највисок ред. Тоа нема многу врска со одредени стилски периоди во облагородувањето на поезијата и одбива да биде сфатено само како плод на модерното. Иако е вистина дека дури во пост-ренесансната култура на хуманистичка Европа јаството станува централен столб на уметничкото дело, уште од антички, пред-сократски времиња јаството било присутно со своите истражувања на универзумот. Пред-сократското ангажирање со личното, кое што во исто време е и општо, метафорите коишто со иста чистота задираат во минералогијата, митологијата и астрономијата, лесното спојување на различните жанрови во писателската потрага по идеална рамнотежа на доброто, убавото и вистинитото: ова за мене е инспиративен книжевен подарок при обидот да си го исткајам патот низ прочитаните стихови, преминатите реки, објавените поетски збирки. За мене, тоа е наследство кое што силно ме обзема, и покрај тоа што сум свесен за неговата нејасно-апсурдна нијанса.
     Во моите средношколски години во мојата родна Љубљана, моето јас самото ги откри моќта и проклетството на јазикот за што не постои подобар термин од поетска двојба. Без живи ментори и опкружен само со ликовите и приказните од моите книги, моите неволни истражувања ме водеа кон посветување на една инспирирана, можеби дури и конспиративна заедница на поети, без оглед на националната традиција или лингвистичкиот идиом во којшто пишуваа. Поетите, сепак, не ги сметам за непризнаени законодавци, како што тоа го посакуваше уште Шели, туку „само“ како визионерски сведоци за тоа каков бил светот, каков е и каков ќе биде: сведоци за универзалната срцевина на секое човечко искуство. Оваа заедница, од една страна завиена во звукот на верната орфејска лира, а од друга страна со отворена прегратка полна разбирање за анонимниот средношколец додека тој внимателно одговара на императивот на белиот лист хартија и на слатката болка во неговата млада душа, оваа заедница не ќе постоеше доколку не беше заснована на тертулијанското апсурдно верување во трансцедентниот авторитет на лирското откровение.
     Ние, коишто сакаме да веруваме дека една единствена убедливо напишана елегија ќе може да ламентира не само над историската сегашност туку ќе биде пеена и од сè уште неродените жени, ние пишуваме со скриена и можеби не докрај јасна надеж дека таквата елегија и таквата добро напишана песна ќе бидат создадени во нашите трескавични умови, коишто земаат делчиња од хаотичниот свет во којшто сме принудени да живееме а во кој сепак никој не сака да


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+