Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Критика

Потентен критички настап

(Богомил Ѓузел: „Бовча“, Магор, Скопје, 2002)


/5
стр. 1
Елизабета Шелева

     Нашето време тешко да е време на зборот и неговото мудро или морално владеење. Попрво би се рекло дека е подигрување со зборот, силување на зборовната етика и поетика. Некако, зборот излегува како да е второстепена додавка, декорација, во служба на вешто осмислениот маркетинг на капиталот и на политиката. Писмото на мудроста и доблеста сосема е дерогирано од сцената, со која владеат силите на профитот и јазикот на насилството и оружјето. Сепак, не можеме, не смееме ниту до крај да се одречеме од Зборот, тоа последно средство на индивидуалната и творечка надеж. Во прегработ на епохалната криза, некои од нас сè уште ги запишуваат своите, мали или големи, пораки, небаре бовчи, со кои се поаѓа во неминовна селидба или патување без повраток.
     Што содржи интелектуалната и критичка „бовча“ на Богомил Ѓузел, и зошто ваков наслов?
     „Бовча навестува содржина на разни предмети, за неопходна (у)потреба, што можат да се понесат како личен (животен) багаж, колку што може нивниот сопственик/автор лично да ги собере и пренесе од периодиката во една книга… Како за преселба и лична рекапитулација – или за презентација пред другите и – како што навестува зборот, дарување!“ (Ѓузел, 2002: 10)
     Бовча-книга, бовча-подарок, бовча-неопходен багаж.
     Пренесувањето предмети на знаењето како уметност на правење бовчалаци. Пренесувањето (преобјавувањето) и пребирањето по текстовите од еден во друг медиум, од едно во друго време, како токмење бовчалаци. Пишувањето како постојано сожимање (отфрлање на непотребното) и пркосно прекројување на бовчи. Писмото како секогаш неопходна, единствено важна бовча за писателот. Писмото како подарок. Писмото како непорекливо личен багаж. Тоа се некои од можните конотации, што појдовно ги побудува малата, воведна белешка, кон најновата (за сега, втора по ред критичко-есеистичка) книга на Б. Ѓузел.
      Овде собраните, строго селектирани текстови – без разлика на времето на нивниот настанок, кое се протега на цели 40 („авторски и животни“) години, ги обединува една заедничка одлика – нивната поттикнувачка, инспиративна моќ, асоцијативноста, големата духовна енергија и неначната актуелност, среде мошне турбулентните, културно-историски, придвижувања денес. За оваа прилика, читателското внимание подетално ќе го задржам врз неколку од овие, посебно интересни текстови.
      Со иманентна перспектива на „поет – практичар“, во есејот „Постои ли страв од пишување“, Ѓузел ги засега најделикатните прашања на поетското создавање, како и вонвременските, „метафизички“ теми за природата на самото творештво. Тој е придвижен од своето живо љубопитство, смелост и отвореност за поставување на тн. последни прашања и за соочување со тн. гранични спекулации, кои задираат во онтологијата на творештвото, во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+