Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Звук Осврти

Препорачани албуми

/6
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Jody Williams – Return Of A Legend

Evidence ECD 26120-2

Насловот на овој албум е сосема оправдан, Џоди Вилијамс е легендарно име на блузот кој по многу години неактивност се врати на сцената со одличен албум со кој го потврдува својот статус на Чикашки блуз мајстор. Гитарата на Џоди Вилијамс е вткаена во најдобриот материјал што во педесетите години на минатиот век го направија Howlin’ Wolf, Billy Boy Arnold, Bo Diddley, а денес неговото влијание врз сопствениот стил го признаваат Peter Green и Carlos Santana, помеѓу другите! На албумот Return Of A Legend како гости се појавуваат Billy Boy Arnold и младите гитаристи кои својот блуз го научија преку звукот на Џоди Вилијамс: Sean Costello, Tinsley Ellis и Rusty Zinn. Овој албум содржи 13 извонредни блуз нумери кои нема да ве остават рамнодушни, како што не беа и тие што албумот го номинираа и му ја доделија наградата W.C.Handy за најдобар албум во категорија на блузери што по долгогодишна пауза повторно се вратија на сцената. Задолжително слушање!

концерт

Little Hatch – Rock With Me Baby

Acoustic Sounds APO 2012

Осумдесетиедногодишниот Провајн Хеч, попознат како Литл Хеч, се претставува со својот втор албум издаден за американската фирмата “Acoustic Sounds” која има голема репутација со своите аудиофилски изданија. Албумот Rock With Me Baby е едно од најдобрите блуз изданија минатата година со врвни оценки од блуз експерти и почитувачи на овој музички жанр. Направен во манирот и традициите на изворниот блуз израз, Литл Хеч со својот глас и звукот на усната хармоника нè враќа на самиот извор на блузот, во времето кога емоциите преточени во музиката зборуваа посилно од зборови. Со помош на Jimmy D. Lane, син на легендарниот Jimmy Rogers и слајд гитарата на Ron Edwards,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+