Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Звук Осврти

Реј Кудер, музички мисионер

/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

Со Mambo Sinuendo, албумот што заеднички го потпишаа со гитаристот Мануел Габлан и продукцијата врз новиот проект на легендарниот Ифрахим ФерерBuenos Hermanos, Кудер ја заокружува сторијата за херојското воскреснување на кубанската популарна музика.

     Некои луѓе се предодредени постојано и упорно да ги бараат убавините на едноставноста во светов на искривоколчени вредности и владение на ефтината комерцијализација. Реј Кудер, еден од најзначајните светски гитаристи во последниве неколку децении, авторот на бележита филмска музика… е токму еден од нив. Со ореол на човек со плодна кариера во светот на глобалната популарна музика и искуство кое претпочита минување низ сито и решето, тој е и еден од оние чиј немирен дух ги упатува на рамните на себе од различните поднебја на планетава земја. Американец по раѓање, космополит по животна определба, Кудер во ниту еден сегмент од сопственото музичко делување не ги затворил очите пред спектарот влијанија и измешаноста на културите и созвучјата. Од таму, неговото условно мисионерство не почнува и не завршува со ситното посегање по амбиентот или ритмите на неговиот микрокосмос, туку фрла многу подалеку (како во случајот на неговата авантура со Индиецот … или кога заедно со феноменалниот гитарист од Мали – номадот Али Фарка Туре токму на африканскиот континет трагаа по вистинските корени на блузот како музичка форма) и во суштина ја претпочита искреноста во приодот кон дадената материја.
     Од таму, никому не му беше чудно што споменатиов, некаде пред седум години, стамено застана зад проектот Buena Vista Social Club и така на светот му обрна внимание не само на виталноста на кубанската традиционална музика туку и на нејзините големи ѕвезди од предреволуционерниот период кои речиси беа заборавени. Кудер, заедно со Ник Голд од етикетата World Circuit и славниот германски режисер Вим Вендерс кој го потпиша документарецот со името на албумот, соништата на големите мајстори Компај Сегундо, Рубен Гонзалес, Елијадес Очоа, Ибрахим Ферер, Омара Портуондо, Афро Кјубан Ол Старс, Качаито, Габлан… ги сторија јаве. Од улиците на сиромашната Хавана каде со своето мајсторство едвај преживуваа, ги однесоа на сцената на њујоршкиот Карнеги хол… Едновремено, албумот со милионскиот тираж стана најпродаваниот од оние што се бележани како “world music”, а кариерите на погореспоменатите легенди добија поинакви, поуспешни теченија. Згора, „експлозијата на кубанската музика“ ги залуде љубителите на убавата музика и само ѝ погодуваше на севкупната експлозија на латиноамериканската музика.
     И, кога веќе работите си дојдоа на своето место, Реј Кудер во секој иден проект со кубанска музика влегуваше со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+