Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 32 | година VI | мај-јуни, 2003



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 32мај-јуни, 2003
Звук Осврти

Кула од карти ќе му одолева на времето

Интервју: Никша Братош - продуцент


/5
стр. 1
Љупчо Јолевски

Според музичарите кои ја имале среќата да го имаат зад пултот во студиото и да ги користат неговите услуги, Никша Братош е „закон“. Тој е еден од најзначајните продуценти на Балканот и човек за кого се вели дека го обезбедува половина од успехот за секој дискографски проект. Навистина е предолга листата на албуми на кои е забележано неговото име како музичар (свири одлично гитари, клавијатури, виолина, кларинет) и особено продуцент. Таа должност ја имал во бендовите со кои своевремено настапувал, како Валентино и Црвена јабука, потем соработувал и со Жељко Бебек, Ибрица Јусиќ…, а како врв на неговата досегашна креативност се смета ангажманот на последниот студиски проект на најголемата хрватска поп ѕвезда Џибони – насловен како Миракул.
    Во последните денови од април Братош престојуваше во Скопје кај својот стар познаник и соработник, нашиот гитарски мајстор Влатко Стефановски. Речиси десетина дена работеа на Кула од карти, албумот чие објавување Авалон продукција го најави за крајот на овој месец. Разговоров што следува е направен во една од кратките паузи што си ги дозволија обајцата музичари. А, уште на самиот почеток Никша ќе забележи:
    – Морам да истакнам дека јас сум само ко-продуцент на албумот. Имено, продукцијата има неколку фази и оваа што сега ја работиме е завршната. Инаку, првата фаза, изборот на материјал, соработници, работата во студиото… си ја заврши Влатко. Сметам дека, по повеќе години, ова е негов прв албум кој клони кон поп музиката. Да кажеме кон поширокиот круг на слушатели. Мислам дека е ова е вистинскиот момент и вистинскиот пат за Стефановски. Сметам дека најнапред треба да ги собереш слушателите, за потоа нешто да им толкуваш. А, оваа плоча дефинитивно ја има моќта да ги збере луѓето.
    * Можеш ли да повлечеш одредена паралела, да направиш споредба помеѓу последниот проект на Џибони и овој на Стефановски, со оглед на фактот дека се работи за врвни мајстори кои досега неколкупати меѓусебно соработувале, а ти си им ги продуцирал материјалите?

    – Овој проект е навистина близок до оној што го потпиша Џибони. Не само по модерниот пристап на работите, туку и по аранжманите. Едноставно, Васко Серафимов, човекот кој направил аранжманските и ритмичките подлоги, клавијатурите… тоа го сторил на современ, модерен, добар и навистина квалитетен начин. Освен тоа, ова е плоча на која дефинитивно не е само битно некој толку добро да свири гитара. Тоа за Стефановски го знаеме одамна. Ова е и албум каде има и добри текстови и добри песни. Тоа е она што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+