Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 03 | година I | јуни-јули, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 03јуни-јули, 1998
Критика

За значењето на несвесното и за силата на имагинацијата

- во расказниот свет на Витолд Гомбрович и Александар Прокопиев -


/13
стр. 1
Ангелина Бановиќ-Марковска

Современите проучувања укажуваат на фактот дека во светот на човечките вредности, сè претставува знак; всушност и самиот човек е знак и сиот негов живот се одвива низ транспарентни значења добиени како резултат на некои реални или несвесно потиснати желби. И ако толкувањето на знаковната култура е најважниот предуслов за човековото постоење, тогаш прифаќањето на двослојната природа на значењето – онаа латентната, неструктурираната и свесната, структурираната – не ќе биде ништо друго освен резултат на една интерференција меѓу површинската структура и длабинската „неструктура“. Но, да го кажеме истово на еден поедноставен начин: кога, веќе, станува збор за семиологијата како наука за значењето, не треба да се превиди можноста за постоење на два паралелни света: рационален и ирационален и – истовремено – на две паралелни значења, оти за еден херменевтички тип на анализа секое новооткриено значење може да се употреби како знак за некое друго, уште подлабоко и позависно од првото. Оттаму, во епистемологијата на вербалните уметности како логички однос меѓу делот и целината, се јавува односот литературен знак – референт кој во една метонимиска смисла на зборот, ја отсликува релацијата литературно дело – свет. И токму тие: материјалниот свет од една и фиктивниот универзум на литературното дело од друга страна, ја воведуваат во игра мотивираноста на знаците и ја реализираат врската меѓу множеството ознаки и множеството означени. Во овој процес на пренесување на значењето од пониското денотативно, кон повисокото конотативно рамниште на текстот, амбигвитетната суштина на лингвистичкиот знак – чија моќ да произведе означено кое, во улога на знак, повторно продуцира нови означени – говори за чудесната магија на зборот, а ние се враќаме на почетокот од овој circulus vitiosus: префрлени од рамништето на кодот во многузначното рамниште на херменевтиката, доаѓаме во контакт со семантичките трансформации, па по принципот на замена на семата во архисема, го креираме новото значење на зборот во длабинската структура на уметничкиот дискурс.
    Но, бидејќи во едно литературно дело сè, впрочем, е релација – бескрајна игра на елементите – се поставува прашањето дали значењето на она што се одигрува како одраз на процесите од реалниот свет, би можеле да го побараме во некоја „мета-структура“?
    Едно е сигурно: без оглед како му приоѓаме на литературниот текст – дали како на некој глобален знак, мотивиран, иконичен и полисемичен, или како на тоталитет со свои семантички трансформации – неговата интерпретација и интерпретацијата на тие семантички трансформации, неизоставно, отсликува значење (во примерите на постмодернизмот дури и отсуство на смисла) но, бездруго – како






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+